одовде прил.

одовде (прил.)

И тие нѐ пцујат оттаму, ние одовде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отаде се Србите и Французите, а одоваде Германците и Бугарите. Пиле не може да прелета.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Одовде ќе се убеди човек оти центарот и најголемата улога во таа империја ѝ припаѓаше на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не само таму што се силни, туку и одовде кога ќе јурнат сите интелигентни луѓе, каков колорит ќе ѝ дадат на земјата?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зар и одовде имало врати за излегување?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
1 Планината е далеку никој толку не отскитал црн брег со два рога на патот нејзин стои, Одовде само облакот е близу и молњите и ѕвездите ноќе кога паѓаат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ми беше јасно дека анонимен режисер далеку одовде ги предизвикуваше моите емоции и мисли.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И не е чудно дека ракот наречен бирократија својот корен го влече одовде, заклучувам и ми станува смешно затоа што од логичното правам парадоксално: па сигурно дека коренот расте од земјата!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Децата досмрзнаа зашто често имаа слушано за некој Луман арамија како плени по Битолско и често ги гледаа своите родители како уплашено велат: „Само да не мине одовде планина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Бидејќи, еве гледам, твоите играчки се тврди за забите на моите мечиња, значи не се јадат, продолжи си го патот и другпат не поминувај одовде, оти јас немам многу доверба во оние што личат на тебе!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Како да е одовде донде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чисти се одовде дур не ти го зграпчиме од раце!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Треба да ги изведеме одовде, да ги преведеме некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе речат: си поминал одовде со иста трема пред да зачекориш по тенките скалила кон последниот прозорец (а сакаше само срцата на луѓето да ги ископаш од правта и да ги кажеш нивните тајни)***
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Бегај одовде и не здодевај ми веќе. Овде сум родена, овде ќе останам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Убава жабарка си нашол, сакам да му речам, жаби да пасете обајцата, затоа не се помрднуваш одовдека.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Треба да се пакувам, си заминувам одовде! Ми се смачи и од вас и од оваа ужасна куќа!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вам ова што го нарекувате затвор, ова овде ви е ослободување од затворот што сте го чувствувале надвор одовде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа е прекрасно, навистина прекрасно: вашите браќа плаќаат за вашиот престој, вие уживате во слободата во овој затвор, како што ја нарекувате нашава болница, наспроти неслободата и присилата кои сте ги чувствувале надвор одовде, неслобода и присила далеку помали од оние кои ги чувствуваат вистинските болни, секако, вашата неслобода и присила се сведувала на семеен конфликт, а не на длабок раздор во себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе