океан м.
океански прид.

океан (м.)

И секогаш да ја носиш таа прекрасна насмевка на лицето, на која, сигурен сум, и птиците ѝ се насладуваат и надалеку низ песна ја раскажуваат, и ветрот со радост ја пресликува насекаде, во секој облак и поток, во секој морски бран, на површината од секој океан, облагородувајќи го ликот на земјата со тебе...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше јасно дека соговорникот проникнал во неговата опседнатост од метаморфозите што ги доживува јагулата на своето големо патување кон океанот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А кајшто има океан има и бранови за многу напатени души кои жедни ја препливале големата вода и кои во кандилца си ги вардат коралните фитили барем додека одгатнат дали океанот има корени и дали во брановите има кирилични офкања.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Мајка му беше перачка и татко му една година му се порадува на своето единче и се изгуби отаде океан барајќи среќа и леб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Птиците ја прелетуваа границата, но само на езерските јагули, кои патуваа преку балканските реки и Медитеранот до Саргаското Море на Атланскиот Океан и назад низ новата генерација, не можеа на последното враќање да ја минат границата која луѓето по милиони години им ја испречија на патот со градба на неколку хидроцентрали во Албанија и Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Ноќва преку океанот во обете насоки летаат бомбардери по задача, и тие никогаш не ќе го видат копното.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Нејзината душа беше и силен браник, траен светилник на семејството крај океанот на балканските немирни бранови и темнини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше бродови што пловеа по сите мориња и океани.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но, кога јас настапив со мојата дискусија, внимателно ме следеше и како што врвеше времето, му се гледаше на лицето и во погледот дека полека ја прифаќа мојата теза барем засега да не се градат браните на реката, а со тоа јагулите слободно да си го минуваат патот до морето, океанот и назад.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од нив настрвна и се надигна целиот океан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во такви услови печатот на САД ја презел на себе активната партиципација во анимирањето на јавноста околу потребата да се напушти изолационизмот и во алармирањето на опасноста од фашизмот не само за Европа туку и за САД, кои се чувствуваа сигурни зад океанот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нашите мудри мисли и гласна смеа се прелеваат преку балконските саксии, па преку тивките покриви се спуштаат до долгиот булевар Вилшир, фаќаат кривина кај палмите и продолжуваат надесно кон блискиот океан, каде што умираат во бучните води на намќорот Пацифик.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Атланскиот Океан Аргентина ќе ја довикува со моќта на своите пробојни и универзални метафори на својата родна Шпанија, најдена во канџите на фашизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Погледот му се искачуваше долж огромната разбранета маса на океанот што се креваше и спушташе рамномерно, и големата сребрена круша, што се полнеше со блескави воздушни струи исфрлани од пламеникот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Којзнае дали ќе ме разберете и којзнае како ќе ме разберете ако ви кажам дека секое отворање на цртанката е танц на распалавени погледи и свечен отпоздрав на сончевата светлина, како што впрочем и секое влегување во океанот е нов чекор во вечноста чиишто сенки старите рибари се мачат да ги уловат во мрежите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Не верувај им на сетилата. Луѓето мирисаат на овошје, на зачини или на цветови, на океани и на зимзелени дрвја... а полни се измет.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Океаните ќе беа капки во твоето срце.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Се запленуваа на јуриш бродови на пристаништата за да се мине преку морето, да се стигне до Западна Европа и продолжи подалеку, преку океаните.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Стоиме на брегот на океанот и молчешкум запињаме погледите да ни се вкрстат таму далеку во родниот крај баш во домот на третиот ни брат.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Сигурно ќе дојде до прекин на патот на јагулите - за да се изгради некаква балканска варијанта на Беломорскиот канал, со прилагодување на реката - на тој подвижен воден мост на јагулите, помеѓу Езерото и океанот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе