оправдание (ср.)
Влегов, се извинив за задоцнувањето; Фискултурецот рече да донесам писмено оправдание за доцнењето; рече дека сум целосно неодговорен; јас се согласив, и реков: „Добро, може ли сега, како неодговорен, да седнам?“ Тој покажа со раката и јас седнав.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А од тоа одвај ли може да има поголемо оправдание за постоењето и програмата на нашето друштво.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се наведна, го зеде клучот, и за првпат во животот рече нешто што никогаш не имал кажано: оправдание.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Наспроти тоа, ни во сон не помислив дека во нив лежи оправданието на книгата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Да, добро е, нека ти напише мајка ти оправдание.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Мораше да се снајдеш, макар и со застарен зборовен арсенал, па да срочиш некое оправдание: „Трпезна табакера“.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тате можеби имал некое оправдание, ете бил офицер, всушност, ти беше најголемиот војник според воспитувањето.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ако јас целиот свет го разбирам како случаен настан, тогаш со помош на компјутер можам да создавам алтернативни светови кои што имаат исто толку оправдание - или исто толку малку оправдание - за стварноста, како што го има таканаречениот даден свет. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 89
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Сознание повеќе од себесознание зашто без одговор - решенијата се без оправдание. ***
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Но од друга страна, имаше и оправдание за мојата нерешителност: воспитачот, професорот по филозофија, до која уште не бев стигнал, одеше важно, со крената руменолика глава, и јас - на кого тој досега одвај да погледнал - требаше одеднаш да му пристапам, да трчкам да го привтасам во ходникот, да го пречекувам како случајно на скали или, о боже мој!, да му одам нарочно за тоа в канцеларија.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ги зеде уште кога беше учител во Солун. Потпиши ми за оправдание кај мудурот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)