опсерваторија (ж.)
Опсерваторијата располага со најголем електронски центар во Франција.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Разговорлив и непосреден, тој ме воедуваше во историјатот на опсерваторијата, која некогаш, во времето на своето основање, се наоѓала во денешниот Латински кварт, во самиот центар на Париз.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Медонската шума, каде што се наоѓа опсерваторијата, е вистинско место за одмор, зашто е далеку од морничавата бучавост на неколкуте милиони автомобили кои го потресуваат Париз.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
По малку пристигна и очекуваниот познат париски астрофизичар д-р Сотир Паскали од Париската опсерваторија со кого претходно Камилски беше во преписка во врска со неговиот престој во Париз и посебно за закажувањето на операцијата на очите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се разбира дека присуството на д-р Сотировски, единствен Југословен во Париската опсерваторија, која со макотрпна и деноноќна работа се пробива во врвовите на науката, ми овозможи уште полесно да се вовлечам во многуте катчиња од опсерваторијата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Најимпозантен објект во опсерваторијата е сончевата кула, која е опремена со најсовремени апарати. Тука работи и д-р Сотировски кој ѝ се посветил на спектарската анализа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во 1878 година, на барање од познатиот француски астрофизичар Жан Сен, опсерваторијата се преселува во Медонската шума и оттогаш се претставува во светот како прва астрофизичка опсерваторија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тој опсерваториум постоел тука на овие простори повеќе од осум илјади години, но никој не го видел.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
И додека јас се измачував со разни филозофски становишта при изнаоѓање добра солуција за расветлување на македонската сага: Оп, еве ти сега, вест, нова вест, НОВИНА: Деновиве ја слушнав вестта дека сателитското вешто око, поставено над Македонија, некаде кај Куманово, во месноста Кокино откри ОПСЕРВАТОРИУМ! (Но, од таму некаде кај Кратово е родум мојата прабаба Трајанка, од село Железница).
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ден пред закажаната операција, во хотелот, пред да оди на работа во Опсерваторијата, дојде Сотир Паскали за да провери дали е сѐ во ред со Климент Камилски во врска со неговата утрешна операција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој барал да има опсерваторија за да се направи една небесна карта на ѕвездите за полесно движење за бродовите, како и една географска карта на Франција.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Отидовме и во светски познатата Опсерваторија, каде што се снимани повеќе филмови, како „Контакт“, „Златно око“ со Џејмс Бонд и многу други.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
И денес овде постои првата зграда на опсерваторијата, основана во седумнаесетиот век, во времето на Луј IV, на предлог од неговот министер за морнарица Колбер.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
ПАРИСКАТА опсерваторија е извишена на едно рамно плато, на врвовите на париската рамна,на самите зафати на прочуената Медонска шума, која одовде, се чини, се протега во недоглед.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ерупциите на Сонцето, во времето кога е тоа активно, ми објаснува во опсерваторијата, вршат промени во јоносферата, прекини на радиобрановите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)