ординација (ж.)
Додека во неговата ординација бев седнат спроти него одеднаш доктор Настев ја извади минијатурната шупелка од фијоката, ја разгледа внимателно како да ги бара нејзините загубени звуци а потоа на чуден начин си поигруваше со прстите по нејзините дупчиња.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Моите пациенти не дрдорат додека лежат на каучот во мојата ординација.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но кога убаво ќе им се загледавме во очите, знаевме дека тие само ја утнале ординацијата.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Гинекологот ѝ го потврди сомневањето... Ја напушти ординацијата.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Кој има пари ќе си отвори приватна ординација, кој нема, како мене, ќе дреме таму за ич пари. Само за превоз до работа, сендвич, цигари и толку.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тој е овде, во мојата ординација. Епицентарот! Не знам што да правам.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Бреда ми зборуваше за вас“, рече додека ме воведуваше во осветлената, засводена ординација.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
- Дали ќе можете да дојдете утре во мојата ординација?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Покрај тоа, префрлувањето на проблемите на наркоманијата во лекарските ординации не претставува правилно користење на ресурсите наменети за медицината.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Докторовата ординација се наоѓаше во Скарсдејл, во неговата куќа во кафено-бел лажен тјудор стил и опкружена со дабови стари колку крајслерот на мојот дедо.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Дискретно намигнувајќи ѝ на Рада, ја покани во својата ординација.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И ете ти самостојна куќа, приватна ординација, деца по демографско планирање, викендичка за летување и коли за секој одделно.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Брат ми, откако се ожени со Марта, имаше отворено ординација во својот дом, и таму работеше со пациенти кои имаа психички проблеми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Уште рано, претходно најавувајќи го своето отсуство од училиштето, Рада го чекаше Виктор пред неговата ординација.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Јанигер нѐ однесе Гил и мене во неговата приватна ординација, опкружена со книги и многу мрачна.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тоа беше и негова ординација и негова спална соба.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)