острица ж.

острица (ж.)

Смиреност на мислите и покрај болката од раните, распарана кожа од острицата на жилетот по рацете и градите, темно црвена крв разлеана по подовите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој минувал со палец преку острицата на секирата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби јас сум еден од оние кои сликаат според соништата кои одбиваат да ловат, значи да убиваат со полуотворената уста на стрелата за да ја наполнат својата и на своите жени плодови саможитни што берат и за нас се молат да има улов повеќе одошто ни треба (жените кои мислат поинаку ги праќаат своите души на срните да им бидат штитник на стрелите урок) за пречек ни принесуваат богат огрев богот на гревот ни го ложат пред спиење за да заборавиме на писокот на жртвите поостер од остриците во нив набиени за да гинеме од ноќ во ноќ непоштедени од грозата на лажната смрт заблазувајќи им на оние кои писнале еднаш засекогаш!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Добро е да се создава, да се мечтае, велеше мудрецот, но мечтаењето е меч со две острици: многу болни на мечтаењето му го должат своето оздравување, но и многу здрави - своето разболување...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Лажеш“, пак острица под грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А во средината, спуштена вертикално како заплиснат студен челичен болскот стоеше подмачканата плоча на пилата, целата исукана, како сабја од ножница, додека нејзините правилно распоредени запци, секој со по иглен врв на острицата, светкаа со по една ненаситна срчена светлинка, собирајќи ја во себе и усвитувајќи ја скржавата виделина на денот во своите илјадници одблесоци, за кои се чинеше дека ќе те испечат уште со самото тоа што ќе се обидеш да ги допреш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Спомени, назад во канија. Доцна. Навистина острица ја стружеше тенката кора на заборавот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Спомени, назад во канија. Доцна. Навистина острица ја стружеше танката кора на заборавот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Смеата на палјачото. Таа последен пат ќе биде повит, црвен и врел, заплеткан на острицата на ножот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А брзиот успех има свои острици. Како стекнување претерана самодоверба.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Како рима, нашите страни блескаат со челичната острица. †2 Неработното време е празна цевка.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
А тоа стана многу попросто отколку што очекуваше, едноставно, како што се забуца еднаш челичната острица во старата ленена кошула: прсна панцирот на мракот кај неговото лево рамо и откри отпрвин врелина и напнатост, потоа и млак бол.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се упатува во самракот кон ходникот и, одненадеж, му се прилепуваат четворица, ги сеќава остриците на ножовите допрени на градите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стврднат како да ја чека смртта, мислеше дека ноздрите му се полнат со кисела, пресно ископана земја и чекаше - можеби веќе не ќе се пропнува проклетото `рзнување од кое се умираше побрзо и од острицата на зракот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А оваа острица режеше како што се реже зрел клас под грло, да шибне сок, бол, збор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Над смирениот туѓинец преку чие суво грло минала острица на јатаган, Богоја Гулабарин сѐ потивко и потивко плачел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислеше на своите раце, на студена челична острица, на зарез во болно месо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Онисифор Проказник се обидувал со грутка земја да ја избрише крвта од острицата на дуријата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога се исправи и кога зачекори имаше собран, речиси смрзнат поглед, студен како оние погани, несити острици на бичкијата. Имаше бавни чкрткави движења.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се иколу него во тоа мочуриште беше зелено и црно, жабји отров и темно сеќавање, а тој мавташе со бела острица и ги сечеше трските како да се виновници за неговото зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе