отсутен прид.

отсутен (прид.)

Го гледам крвавото сонце како паѓа и, додека чука мојот часовник во собата, како да чука и неговото срце во еден ритам, сѐ додека не се губи во мојата отсутност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дежурната ученичка веќе го пријави како отсутен и наставничката по историја го запиша во дневникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
...големиот закон на природноста наспроти квадрантите промислата наспроти оправдувањето лебедот наспроти кристалот крв слободна од телото се простира пред окото зад извикот таму каде чека твојата сребрена чевличка твојот заден траг... знаците од сонот или сонувачите како алтернативци ...отежната од змиските клопчиња гранките се веднат скоро до паднатите лисја зошто оттаму од живите шуми ме потсеќаш на своите боси стопала јас не сум лошиот родител ниту ти оставеното дете тие чудовишни црнобели слики се сосема предвидлива компензација за отсатноста сонот место допир декорот го бираме наизменично ноќва се моите змии шумите следната ноќ возењето во спротивна насока распарченото тело на асфалтот крваво што го љубиш осветлена во трикото на невина балерина потоа јас летот над градот по ехото на твојот глас па ти појадокот во природа со заборавените заеднички пријатели...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Често гласно ги коментираше значајните вести, небаре влегуваше во разговор со отсутните говорници.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ме восхитува твојот говор без аскеза без пауза клесан ко глинен глаголски натпис обоен и обол, со густ внатрешен ритам на мит и лира на плот и жедба твоето лице ко отсутност изгребано ко ѕидини на древни светилишта од рески и црти шифри и датуми ко забранета и жигосана книга по којашто се топела душата и го прелевала својот акварел не повторувајќи ниту еден потег.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Задоволството исчезна, ко жилавите корења на нашите прадедовци пред огништето што плускоти, и лулиња со синкав чад, и поглед во далечина што зборува за отсутност...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Дека сигурно знаеле оти војникот што ја донел на коњ во деновите на априлската војна бил отсутен од куќата од под Сина Скала повеќе од година и половина а можеби и нешто повеќе кога почнало да се шепоти оти осаменичката, горе, во планината, не е повеќе сама, туку е носечка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сум сигурен дали ме слушна или изигруваше отсутност но јас му реков дека се согласувам со него и дека можам да си ја замислам силината на љубовта која е во состојба да раздвижува, да покренува па дури да замени и да надополни многу други потреби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Писател кој е отсутен со умот ги затвора вратите на перцепцијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но проблемот не беше да се врати во стварноста, бидејќи таа не ни беше отсутна од неа, туку само на стварноста ѝ пристапуваше со својот особен сензибилитет.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Отсутно потпишав, без да ги погледнам последните отпечатоци пред тие да се монтираат во оловни блокови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Отсутно ги погледнав, размислувајќи за содржината на телеграмата што требаше да ја составам, а за која ги немав неопходните податоци.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидував во отсутниот дијалог со Татко над ракописот на неговата Историја на Балканот низ падовите на империите, да сведочам за потрагата која ќе ја наполнеше неговата тишина, празнините во ракописот. Потрага која не престанува.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој беше отсутен пак и туѓ и неосетлив на навредите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Едноставно лебдеше, се лизгаше, отсутна од луѓето, како меѓу подот и таваниците да имаше меко перниче по кое плови низ океанот на музиката.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
„Не знам дали сака и колку е спремен да се бави и понатаму со проблеми од животов“, ѝ реков и побрзав да го засолнам погледот, да станам дел од божемната натажена отсутност и на другите присутни; дури и рамениците ги поткренав, како да се чудам зошто немам јасен одговор и на најобичните прашања што за жал сѐ повеќе се множат, се множат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Гледаме загрижено и отсутно, размислувајќи за секакви непријатности и несреќи: а да умре?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Предај се со отсутност на духот, биди врелина. Ќе бидеме безобѕирни спрема соседите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
ЗРО (1993) пропишуваше дека работен однос на определено време може да се склучи, „особено за: (1) сезонски работи – најдолго девет месеци во текот на една календарска година; (2) зголемен обем на работа – најдолго шест месеци во текот на една година; (3) замена на отсутен работник – додека трае отсуството од работа и (4) работа на определен проект – до завршувањето на проектот“ (чл. 23 од ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И Земанек стана, отиде до автобусот, им рече на другарите да не нѐ пријавуваат како отсутни и да молчат; потем се врати и ние видовме како во нашиот автобус влезе наставничката по музичко, која не го познаваше нашиот клас добро; видовме дека ги прашува другарите дали се сите тука, и дека тие ѝ велат дека сѐ е во ред.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе