паркирање (ср.)
Јас добро знам дека сме земја во транзиција, па, сепак, тешко ми паѓа што сѐ уште ни законот за пушење или паркирање не е целосно реализиран.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Вртиме кружно и бараме место за паркирање. Паркинзите полни и тротоарите зафатени.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Барам место за паркирање. Сѐ е зафатено.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Загриженост; очајување, дури, бидејќи бевме прилично оддалечени од сѐ, во foret која беше sans на телефонот или љубезните ренџери, на plage која беше sans на чуварите или другите званичници освен можеби самопоставениот директор за паркирање кој покажа строго сочувство кога на лош француски му ја пријавивме својата загуба, но кој не можеше да ни помогне на било каков начин.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
И така во потрага по место за паркирање излегов од градот каде не пречека табла со натпис Корча.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Едно претпладне поминав многу лошо. Платив за паркинг, час и половина вртев кругови на паркингот околу болницата и не можев да најдам слободно место за паркирање, плачев од нервоза, ти ме чекаш таму, а јас час и половина не можам да најдам каде да се паркирам, па си ветив дека наутро кога е гужва, во иднина, ќе доаѓам со такси, а навечер со автомобил.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
1. Забрането одење по стапките Забранети стапки по нестапнатото Забрането блиско во далечината Забрането лице во опачината Забрането отворање на сандакот Забрането ловење спитомен дивеч Забрането бакнување илузии Забрането дете во утроба Забрането плетење бессоница Забранети обетки на црешната Забранета година во векот Забрането икање на работен ручек Забрането паркирање на крстопат Забранета плитка вода во вирот Забранета емисија за змејови Забрането срце во кафезот Забрането чешање по тилот Забрането слегување на патот за горе Забрането гракање според “Неверморе!”
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)