плаќа (ж.)

Ја плаќаше татко му Аврам отштетата и заедно со полјакот и шумарот го следеа каде оди за да не ги запали житата или шумата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Никому ништо не плаќате! Тоа многу убаво го знам јас, па затоа и дојдов со беговите и сејмените да соберам што не сакате сами да донесете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Доста не само што не беше заборавила, ами во Солун беше го усовршила плетачкиот занает, плетејќи фанели на луѓе што ѝ плаќаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тука, се разбира, не ги вбројувам исклучоците (имаше во циркусот и една жена што можеше, лежејќи на стомак, да се свие во половината и нозете да ги префрли до лицето; често нѐ забавуваше пушејќи во таква поза); но во циркусот имаше и поинаков став кон техниката: најмногу се работеше на техниката при изведување на точките, а при изведбата на точката техниката мораше да се заборави; во спротивно, се плаќаше со живот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Наредбата беше строга. Со главата се плаќаше секоја непослушност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зборовите како судски печат ги удираат скараните по чело и тие, обајцата, почнуваат во еден глас, јас сум чесен граѓанин и доброволен дарител на крв, јас сум нешто повеќе, редовно плаќам членарина и имам книшка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Потоа продолжи: „Дали не им ја украдоа водата од Дарван, не им се удри ли зимоска малкуто тутун што го откупи Монополот на трета класа, не плаќале ли маказарчани и другите жители во оваа кааза во времето на Никола Поцо, како што пишува и во царскиот ферман, повеќе данок отколку што треба?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Андон реши: ќе влезе во кафето: Таму, како што правеа и другите, ќе седне, ќе извади пари и ќе го извика со чукање келнерот. Плаќа. Зошто да не влезе?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој на дело покажуваше дека се бори против Турците, а ги штити христијаните. Не бараше ништо од селаните, а плаќаше сѐ што земаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Што плаќам? - Вие господине не плаќате ништо, а вашата госпоѓа плаќа само едно евро.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Одеше по фабриките и ги поттикнуваше работниците да штрајкуваат за покусо работно време и поголеми плати, а фабрикантите плаќаа луѓе да ја претепуваат толку крвнички што со денови лежеше во бессознание, а потоа, кога ќе се исправеше на нозе, одново одеше по фабриките и ги организираше работниците и одново ја претепуваа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стан, струја, греење и телефон не плаќам. Весници не купувам. Месо не јадам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Затоа гледајте вие да не кодошите еден со друг, живејте како браќа, да не плаќате после борчоите кога ќе се вратит Османлијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вака, кога Петко ќе стане поп, тој ќе си служи на „неговиот света Илија“ за здравје, за душата од татка му, од деда му Петка, од мајка му Трна, која одамна беше појдена кај мажа си и умрените дечиња, и така ќе ги користи и овие дваесет гроша што му ги плаќаше на поп Спира за секоја служба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
4.  Со договорот за закуп [locatio conductio rei] се обврзува закуподавецот да му предаде определен предмет на закупецот на употреба, а овој се обврзува за тоа да му плаќа определена закупнина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Плаќав и без поздрав го напуштив плашејќи се од својот нож со седефена дршка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако дома имаш пушач, плаќаш бајаги поголемо осигурање за куќата.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Простите, сиромасите, болните, многучеледните и бесчеледните, сакатите, слепите, собирале париче по париче, од усти одделувале за да изградат црква. Скапо плаќале мајстори и зографи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
— Шири капата, побратиме! — му вели на Бешот. — Десет, дваесет, триесет, сто, двесте, и педесет. — Еве, за педесет пушки јас плаќам, a за педесет ќе ме почекаш за некоа и друга недела.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како и секаде, и таму биле поделени богатите и сиромашните – оние за кои нивните семејства плаќале високи суми, биле сами, или по двајца во соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе