повреди св.

повреди (св.)

„Кога ќе стркалаш карпа од ридот зар можеш да знаеш кого сѐ ќе повреди, во што сѐ ќе удри и каде најпосле ќе се распарчи и ќе се здроби!“, ми вели тој а со очите како и вистински да ја гледа таа огромна грамада што се валка од ридот и оди право кон него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога првостепената пресуда се укинува поради суштествени повреди на одредбите на парничната постапка, во образложението треба да се наведе кои одредби се повредени и во што се состојат повредите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се браниме од секакви чинки Се браниме од лоши соништа И од лоши толкувачи се браниме А еве сега нѐ учат да се браниме и кога никој не нѐ напаѓа И којзнае дали ќе се одбраниме Ако Господ не нѐ варди и одбрани Првин од нашите сопствени лажни сонувачи И препродавачи на измислени соништа Кои не знаат дури и да танцуваат со соништата Без да им го повредат ’рбетникот од прекумерно стискање
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Секое лице може да поднесе претставка до Народниот правобранител кога ќе оцени дека му се повредени уставните и законските права или кога се повредени начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Беше опцул нешто што не треба и повредил неколку братски републики.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Татко ми беше трпелив во разговорите со козарот, не сакаше да повреди ниту атом од неговата голема душа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И кога внимаваш да не го повредиш законот на Хирам, градителот на храмот Соломонов, дека може да се добие само она што се заслужило со знаење и со труд.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И не прескока година. Ми стана многу жал дека го повредив јаболкничето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Другите две можеле и да останат свиткани под твојата дебела кожинка и тука задржани, без да бидат во состојба ни да те раскрвават, едното од нив можело и да се слизне по твојата четина и воопшто да не те повреди, но ова, што те тера да крвавиш вака, не ќе е на некое многу згодно место, тоа може уште оддалеку да се види, му зборуваше на својот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се чини дека работа му беше како полошо да ме повреди, да ме срамни со земја, да остави грозна неизлечива трага од болка во моето срце.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Со истата казна ќе се казни и тој што заради одмазда за дадениот исказ на лицето повикано како сведок или нему блиско лице ќе му одземе некое право, ќе го малтретира или телесно ќе го повреди.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Го обзеде самосожалување, повредувајќи му ги изморените и закрвавени очи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја повреди ногата и раката.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Усните ѝ затреперија и сал за краток миг се стопија и откако низ нос испушти долга, мачна и таговита издишка, таа тивко, одвај чујно, небаре се плашеше да не ја повреди тишината и молкот и никого да не растревожи, шепнешкум изусти:
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Величковски, кој сега работи во приватна агенција за обезбедување, а дополнително и како електричар и хаусмајстор на повик, охрабрен од добиениот спор и од тоа дека, сепак, и во нашата држава може да се добие судски спор за прекршени работнички права, е решителен за тоа дека и во иднина повторно би тужел доколку му биде повредено некое право од сферата на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Научи ме како да ѕирнам во долапот на тајните, како да не повредам никого, а да донесам вистинска одлука“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не сакајќи можеби да го повредат, тие всушност непотребно му го усложнуваа и загорчуваа животот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И особено кога внимаваш да не го повредиш другиот, кога нема да му го урнисаш животот со својата огромна, неизмерна себичност, а божем во името на Алтруизмот, Правдата, Уметноста, Искуството...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ликвидаторите можат, во согласност со содружниците, односно со акционерите и со доверителите, да отуѓуваат одделни објекти од ликвидациониот имот на одделни акционери и на содружници – ако со тоа не се повредуваат правата на другите содружници, на акционерите и на доверителите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе