подбели св.

подбели (св.)

Луѓето само подбелуваат, што се вели, во капка вода да ме удават.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледаме едно дупче му подбелува на челото. Уште крв не му потекло.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веќе се стемнува. Лаѓа ноќта како црвотечина. Ги полни доловите пред нас до подбелениот венец од планината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А гледам дека ја поткрева главата кон мене, ги подбелува очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Човечка глава е, а главата не се гледа. Само некои бели заби се отвораат и некои очи подбелуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ни подбелува месото над коските, ни зацрвенува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пченката се омацурила, земјата подбелува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нешто зборува, ам, тум, шат, пат, ништо не разбирам. Само подбелува со очите и со забите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)