подводен (прид.)
А еве што се одиграваше во душата на малиот водоносец: После вечерниот разговор со старецот и сонот што го сони ноќта, во него како да се скрши нешто, одеднаш му се откри пред очите што станува околу него и каков подвиг означува борбата со блатото – она подводно чудовиште што го виде на сон.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Велат, таму живее подводниот Вок со едно око!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
- Поздрави го подводниот Вок со едно око кому најверојатно си му слуга и речи му дека тоа не е фер.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Потоа дојдоа двајца археолози кои со направи за подводно нуркање, со скафандери се спуштија во витлите на „бездното“ и повторно не се вратија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Откако одврза еден чун, тие седнаа во него и потпирајќи се со долги притки по мочурот, обраснат со подводни треви, запловија низ трските.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
За чудо кога стасаа до дното, наеднаш стана светло и двајцата бегалци зинаа од чудо: на неколку чекори од нив, сред мрежа од трева и други подводни растенија, стоеше едно големо чудовиште.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Се чинеше дека немаат крај, се губеа некаде во мрачната подводна далечина. – Јас вечно ќе ги цицам соковите на земјата и, еве тука ќе ги исфрлам, како в море ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Подводното чудовиште се размрда за час, а водата се разбуричка. – А – ха ... вие сте од тие јунаци што сте се кренале мене да ме уништите ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Го наследив неговиот немир кој се чувствуваше во растреперените прелистувани страници, во тајните записи, закопани некаде близу во земјата, како на вистински закоп Чунот кој нѐ спаси таа немирна есенска ноќ, макар што ја мина границата вардена од подводниот змеј, според татковата навигаторска стратегија во животот, не престануваше да броди во имагинарните балкански немирни бранови.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Подводниот крал Вок со едно око е многу добар крал кога спие.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Најчесто сакавме да ја слушаме прикаската за подводниот змеј чие живеалиште беше токму на линијата на границата која многу години, под различни окупации, но и во слободата, делеше две земји, народи, идеологии, вери.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ја минавме границата. Бевме посилни од подводниот змеј! Го победивме.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Пролетта ги извлекуваше пијавиците од подводната почва.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Јас ќе се погрижам нашево поминување да биде трогателно за срцето на големиот подводен крал Вок со едно око, верувајте.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Пред неполни триесет години, во 1978 година, со него се најдов, како и со другите на вишинката на манастирот Свети Наум, да му ја покажам мојата варијанта на балканскиот егзил, да му говорам за подводната граница во Езерото, вардена од змејот, за нашето вечно патување преку границата, за варијантите на медитеранскиот апсурд.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Подводниот Вок со едно око е крал на ококорените вештерки кои на полноќ сакаат да играат во соништата на децата.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Во својот конструкторски занес не забораваш да ја создадеш палубата Но притоа избираш и зборови, најбрзи зборови зборови со крила, зборови со умеење на птица во одредување на страните на светот Можеби тие треба да бидат едрата што ќе го поведат бродот низ тесните длабоки клисури и покрај подводните ‘рбети на могилите во кои се закопани соништата на отскитаните Одисеи што сега немаат море да се вратат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Најмногу страв ни влеваше легендата според која на самата граница на Езерото, длабоко во езерската вода, бдее голем подводен змеј кој се појавува секогаш кога се минува границата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Проектот е следен: со подводни камери се снима потопената црква и со помош на видео-бим истовремено се прожектира врз еден вештачки облак, така што имаме „превртена перспектива”, водата сосе црквата е на небото!
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
А можно ли е тоа да биде палатата на подводниот Вок со едно око?
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)