подметне (св.)
Морав да преговарам со трговските патници коишто залудно се обидуваа некому да му го подметнат шкартот што го произведуваше нашиот шеф.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Најубавите деца сами си ги јадеме или ги подметнуваме во туѓа служба, како кукавицата своите јајца во туѓите гнезда.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Неконтролираните омаловажувања што напати ми приоѓаат ми го подметнуваат оној привид на пукнатина во брана.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Малку ќе се навали наназад, ги погледнува преку мевот, а потоа им го подметнува врвот од чевелот под слабините и со него внимателно ги чеша. Но не молчи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Сакаш да замижиш и замижуваш. Осеќаш, земјата се поткрева на прсти и ти го подметнува својот грб за да починеш.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
За мајка ми искажаните сомненија од страна на оние што ја познаваа но и на оние што таа не ги познаваше, беа сосема нормални, а изведените пресметувања и предвидувања, во врска со очинството на нејзиниот син, иако најчесто беа обични подметнувања, нејзе воопшто не и пречеа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Човекот избезумено почна да се загледува во лицата на другите затвореници, како да се надева дека ќе може да подметне некоја друга жртва на свое место.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кој знае чие ќе ти подметнат. Ти си одлепил сто насто.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Од глад или од тоа што знам дека пак е одена наоколу да ги подмамува оние мачки и она куче за пак да може по ручекот чиниите наместо да ги измие да им ги подметне на мачките и кучето да ги излижат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Доушникот некој го излажал или намерно му подметнал погрешна информација.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Притрча со поголемото котле кај најбогатото поројче што шуркаше од стреата и го подметна да се полни.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Србин, онаков сув и висок, стоеше како светец, а Шишман се преместуваше од едната нога на другата постојано подметнувајќи го увото пред Србина како да чека овој нешто да му каже во доверба.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Баге заустува да му се спротистави: дека син му не е педер, дека е нормален, дека е женет, дека има дете, дека во нивната семејна лоза нема ни намек на самоубиствен ген, дека сета таа работа е наместена, изрежирана и подметната од некои мрачни сили што се испилија во овој наш плурализам (беше готов да плукне притоа, но во последен момент се воздржа), дека неговиот син е нивна невина жртва и дека токму тие како служба се должни да ги откријат, да ги казнат, а на синот негов да му го обелат образот, макар и мртов.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мора да подметне некое друго човечко суштество, тело на некое друго човечко суштество, меѓу себе и стаорците.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но, уште веднаш потоа мечката пак се сврте кон него, застана сега веќе без никакво двоумење, решена да достои на својот грабеж, како и таа да знаеше дека тој во пушката има само уште два фишека, просто подметнувајќи му го своето тело за тој да ги исфрли уште нив и потоа да ја пушти на мир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Речиси се струполи на столот кој му го подметна Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Асмата ни копа ни ора, ама е тука. Ме наклеветија. Ми подметнаа клевета, божем сум бил во врска со Австријците.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Зошто и јас да не го признаам, но проблемот е во тоа што тој мене нешто друго ми подметнува.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Згрозен од тоа, јас наместо да му го подметнам газот на лизуркото, го ритнав.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
На почетокот бев среќен што го имам поголемиот дел од одајчето за себе иако секој ден навечер морав да ја метам косата и со мокра крпа да ги бришам штиците, а потоа да ја постелам рогозината врз сѐ уште мокрите штици, да подметнувам еден крпарник врз неа и со ист таков да се покривам во ноќите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)