подмолен прид.
подмолно прил.

подмолен (прид.)

Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се плашеле од подмолноста на треската што им се мушкала зад грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа не е бледа длабочина и не е подмолен вир Извор е што постојано пени со својот зелен крик.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Беше тоа подмолен удар со подмолна болка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А стеблото оголено уште кон небото ја колне подмолноста на болката што ја дебне убавината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Далечната капавица го довикува движењето на тркала во калта по шумски патеки во подмолни млаки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Гуланфер, подмолен цицач на невина крв!
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пепелта ја чува невиноста само во она што не е начнато од подмолни нагризи налик на црвојадина.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Како со коренот на своите стапалки да цицаше од земјата подмолен татнеж, раскажуваше: „Чумата не се шири по светов сама од себе и не ѝ го разнесуваат семето ветришта. Земјата се покрива со трупови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие насмевки на убавицата како да и прошепнаа со подмолен глас: „Човеков со брада навистина е најубав.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Зошто тој црн Онисифор, без влакна само во подмолните очи, носи златна обетка на левото уво?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А до него достигаше еднобојна шушкавост и тој, напрегајќи го слухот да ги разликува подмолните звуци на невидливите испреплетени живци, полека разбираше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дури и стручњаците сакаа да разговараат со него, го сметаа за иницијатор, за интелигентен, за исклучително симпатичен, сѐ додека не ги отрезнеше шокот по неговата операција за олеснување на ќесето, зашто тој не пустошеше само кај роднините, туку своите подмолни замки ги поставуваше секаде каде што му се чинеше дека ќе има полза од тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На Бог му пркосат, клеветат и мамат горделиви среброљупци со суети полни грабаат плодови и шејтанот го слават болни од алчност, подмолни и злобни Вавилонци бдеат над мрачното небо морално да нѐ осакатат и збришат но пирејот нема намера да згасне Господ го создал да живее вечно
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Земјата, згорештена од дневниот пек, дишеше тешка подмолна оморина.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но годините минаа како ветер. Бартон создаде подмолен итар телефонски центар и сними многу итри одговори.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Правеа анализи, графикони, поставуваа поставки, се жестеа, длабеа, но никако да го откријат подмолниот уривач.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Низ глава ѝ мина помислата дека змиите поседуваат подмолна моќ да маѓепсуваат зајаци, пругасти верверици и други мали суштества, и дека можат да хипнотизираат дури и птици, и да ги натераат сами да им влетаат во отворените усти.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Последните зборови на оптужницата се движат по мојата невидлива врвица но слаби се и се распаѓаат на нејасни слогови чија смрт се вика тишина на невините простори во кои сум побрз од времето; за сите што се далеку од мене моите часови се нивни години, утре ќе сум врсник со нивните внуци што ќе клечат пред мене и ќе бараат прошка за гревовите и подмолноста на глутницата - таа полека станува пепел под урнатината на храмот во кој ме судеа, ме осудија на смрт и станаа смрт дури и по својата смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Немаше излез, човекот со кој живеев беше неверојатно подложен, да не кажам подмолен обожавател на сите можни пороци. Згора на сѐ луд.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Повеќе