подробност (ж.)
Најлошо беше тоа што при секое сеќавање на сонот наместо да се сеќава на подробности и да го исцели како што планираше, нејзе од сеќавањето ѝ бегаа нови детали.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Случајот го поврзуваше со слични такви случаи од борбата и беше неможно тогаш да го запреш, пациентот нека си умре тој ќе раскаже за сѐ, во подробности за тие страшни фортуни од војната.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Понекогаш се плашев да не ги заборавам нејзините црти, или и најмала подробност поврзана со неа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Всушност, на платното немаше ништо друго освен кругот и потписот, но авторот беше многу љубезен и несебично одвои време да ми ги воочи горенаведените подробности, а тие беа толку очевидни, што ме фати срам поради моите глупави и излишни прашања.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Тогаш ќе беше во ситуација на оние што ги определуваат принципите но се далеку од тоа да ги засегнат во некаков вид подробностите од нивната примена.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Затоа беше смирен, колку и да беше погубен за сите нас гласот од радиото: – Планот за уништување на козите е разработен и до најмалите подробности, на високо републичко и највисоко федерално ниво.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Затоа ајде да не го следиме мнозинството на теоретичари и да не бидеме фобични на подробности и ситници: наместо тоа, да го свртиме нашето внимание кон еден посебен проблем: егзибиционизам.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
За сѐ се сеќаваше, за секоја подробност, ништо не беше заборавила.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се вгледуваше во подробностите на она што беше реалност, несредено проектирана во неговата свест.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Знаев однапред, бев теоретски добро подготвен за ова патување, дека во Албанија, во времето на сталинизмот, сите престои во земјата на странски делегации биле однапред добро селектирани и подготвувани, низ семожни подробности, со цел на патниците да им се понуди најубавата можна варијанта за земјата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
На некого му расцветал лактот, на некого панталоните, некој е целиот засален, а општиот наш парталав изглед покажуваше дека пред интернатската управа стои за решавање еден комплексен проблем на преоблекување и преобување, во кој моите чевли се вклучуваат само како ситна подробност, а тоа, се разбира, како и секогаш во такви случаи, ја усложнуваше работата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Што е убаво, мајчице, - се чуди детето и долго се загледува, сакајќи да ја сфати секоја подробност.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Таа подробност можеби тебе ќе ти потреба при твојава репродукција.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ете зошто задачата да се објаснат машката геј-култура, машкиот геј-вкус, станува толку сложена, барем кога ќе се навлезе во подробностите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Се разбира, овој текст нема за цел да ги објасни во подробности различните примери од предложените точки, но затоа ќе афирмира една теза по која концептуалната уметност во основа за своја парадигма го има синтактичкиот модел на текстуалноста како што овој за своја парадигма го има конкретниот модел, имајќи го предвид решението на “материјалната презентација” на естетско-естетичката процесуалност.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
Марина вели дека тој се родил со перото во раце, но повеќе никакви подробности за неговата научна дејност не соопштува.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Не можеше да знае подробности.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Таа беше навлегла во многу подробности од мојот живот, од моето семејство, од мојот Балкан.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)