понада ж.
понади св.

понада (ж.)

Чиниш се чека новодојдените да си ја апнат понадата во спокојство па потоа да почнат да разговараат.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Марија почесто му доаѓаше да му носи сокови и овошје за јадење, но штом ќе му ги оставеше на наткасната, тој ги брецнуваше со раката и ги фрлаше да не ја види ни неа, ни понадата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Лилјаци не летаат дење, и напладне, ми вели Јон, лилјаците сега се во пештери, обесени ко гроздови за понада, ми вели, ај да копаме...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој му носи понада не од почит кон него, ами кон смртта што го чека и него; му носи што е најубаво за јадење за да му ја одоброволи смртта и да му ја направи помила, зашто животот си оди и како да си го проживеал: добро или лошо, среќно или несреќно; сиот живот е само еден миг: мигот на умирањето: во него сѐ е збрано.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дедо му Аврам кога лежеше болен и кога вака му доаѓаа луѓе со понада, велеше: „Во животот човек може да ти направи зло колку што сака, тоа се простува, но најтешко е ако пред умирање не ти обрне внимание, ако во тие моменти ти се сити или свети...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
— Летно ѓубренце, зимна понада — велеше бабата Стаќа Горева, кога ѝ велеа зошто ѝ се такви скапани, изгорени, ситни патлиџанчиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Донесоа понада како за болен, лубеница и урмашици во едно плитко пјато.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од тоа ја обзеде една замелушеност што ѝ ја помати сликата на сето она што се случуваше додека цврсто не заспа: колку и како не се знае, ама Чана ја раздели топлата чорба од петелот со по малку мевце во неа речиси на сите, ја туруваше во саани, во чинии, во месингани чапчиња, во мисури, никој не ја одби нејзината понуда, дури ни Геле Колишев, деверот на Богородица, ни таа, а нејзините синови ја пиеја како да е чај во големи звучни голтки, колку што се сеќава излезе и надвор во темницата, долу во подрумите и ги стоплила момите на Роса со што таа вратила како благодарност голем грст шеќер во коцки за внучињата на Петра, покрај нив, долу открила и други видеуца од свеќи, и ним им дала иако ѝ велеле дека тие се тука од одамна и дека сѐ имаат, дека не се гладни, дека не се мокри, само понадата на Чана никој немал срце да ја одбие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Луѓето што доаѓаат со понада му ја отвораат вратата од собата да влезе воздух, да поземе здив.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)