потчинет (м.)
Турското господство на Балканскиот Полуостров беше историски период кога потчинетите мислат да го зачуваат нивното историско наследство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој владее и со можноста преку неконтролирано однесување да го стимулира незадоволството кај потчинетиот, а потоа користејќи ја својата власт да го казни непромисленото и неприлично однесување на потчинетиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Татенцето сигурно не очекуваше ваков одговор, колку отпосле разбравме лудост бил секаков одговор, татенцето не претпочиташе неговите потчинети да имаат свој одговор.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Изгледа сѐ уште те немам прочитано до крај, почитуван колега, му се обраќам во мислите на мојот потчинет без да го погледнам.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Со еден збор отворено му се ругам на мојот потчинет, иако сум свесен дека она неуморно демонче демне над секој мој неизречен збор, го лови со акробатски скокови и му го поднесува на мојот потчинет на начин што јас не можам да го одгатнам.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Немате слушнато зошто ме бараат? Зошто сум им потребен? - го прашав колку што е може повнимателно мојот потчинет Вртанов, а во врска со наредбатата на убавата Росана.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Ти, ти...“ му рече милиционерот и со прст, како што се повикува потчинет, му даде знак да оди кај него.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Навистина, ние работиме во заеднички простор од дваесетина квадратни метри, но сепак, Вртанов ми е потчинет.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Секретарот, барајќи да си го поврати авторитетот разнишан од овој козар, пред своите потчинети, сега поприбрано и одмерено му се обрати гласно на Чанга за да слушнат и другите главни козари: – Ние градиме социјализам на патот кон комунизмот, кон бескласното општество.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во ваквите непријатни, тешки па дури и несреќни моменти на кого му е најпотребно нашето внимание и грижа, ако не на потчинетиот?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)