појак (прид.)
Лисицата веќе и не се обиде да ја следи со очи брборливата страчка во лисјата на првото дрво го подвитка опашот и се спушти низ долчето гладна но претпазлива во прастариот див закон на шумата - демни ги послабите, варди се од појаките.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Лисицата веќе и не се обиде да ја следи до очи брборливата страчка во лисјата на првото дрво; го подвитка опашот и се спушти низ долчето, гладна но претпазлива во прастариот див закон на шумата - демни ги послабите, варди се од појаките.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Од старата кафеана во соседната улица се слушаше појака врева, придушено тропање на дајре, женски пискотлив глас.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Посебно влијание врз промената на таа одлука имале информациите кои пристигнувале од членовите на британските воени мисии во Албанија и Грција за акциите, контактите и соработката помеѓу сѐ поголемите и појаки единици на НОВ и ПО на Македонија со грчките и албанските партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Причините за постојано присутната криза на слатка вода лежат во преголемото трошење на водата, за наводнување на огромни комплекси земјишта, за електро-енергетските централи и за сѐ појаката индустријализација, како и во нараснување на потрошувачката на вода за комуналната хигиена.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Младиот господин си замина. Дамите ја земаа надокнадата со очигледно олеснување, шоферот се врати во автомобилот и продолжи понатаму со огромна брзина, а неколку појаки мажи од улицата го враќаа коњот и чезата во нормална позиција живо разговарајќи.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Крчо се мршти и го кисели лицето. Изгледа позна дека јајцето од поповиот син е појако.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но од сѐ што загуби, најблиската рода, куќата со бавча крај Езерото, по силните удари на судбината откако ја минавме границата, тврдеше дека најмногу добивала неговата душа, станувала појака.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И така, тргнува да весла, без платно, научена дека љубовта нема ама баш никаква врска со гужвањето чаршави, па сама веќе си ги одвоила тие две категории исто како и „појаките“ и олеснета со сознанието дека на наткасната никој нема да ѝ остави банкнота (е тоа е понижувачки!), без прибор за лов и риболов, се фали јавно со уловот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
7. ЧОВЕК Е ОД ЈАЈЦЕ ПОСЛАБ И ОД КАМЕН ПОЈАК - во зависност од тоа со што ќе го стиснеш.
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
За полчас, пред наседнатите Ескими крснозе, во најразноводни садови – лејки, на бело послано платно беа наредени секакви сокови – за жените и децата, а за повозрасните – појаки пијалаци.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Движењата на екстремната десница добива страшна сила: Национал-социјалистите на Хитлер се сѐ појаки, ја присоединија Австрија кон себе, Хитлер беше во Рим, Мусолини воведе антисемитски закони.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Рожбите ја зајакнуваа. Нејзиното кревко тело, од рожба во рожба, стануваше сѐ појако, но и грижите беа поголеми.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Зафире! Ти си појак, ела да дигнеш две-три вреќи брашно.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Секој носи по еднодве шишиња ракија или вино и при една таква средба појакиот го тераше послабиот да се врати.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Секој изгледаше повисок од елите на Свињарникот, подебел од Малчевиот орев, појак од илјадници аскери и забити.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Цане! Многу би сакал да сум јак, појак од сите.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Секој ден изнесуваше сѐ појаки аргументи: млекото, месото, јајцата, овошјето, па уште ладна вода, пиво, сладолед...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
АРСО: Е, така е. Туку кај кумот ќе имаме и појако вино, и сѐ поубаво: и пилиња, и јагниња, и прасиња.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Дури и повеќе, овозможувањето на легалната употреба на марихуаната би обезбедило создавање на тампон-зона помеѓу користењето на најприфатливите илегални дроги и оние појаките.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)