предодреди (св.)
Настаните течат неизбежно по текот кој ние им го предодредуваме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во потрага сум по докази за мојата способност на утврдување при аналитичките детекции на предодредувањата.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Неговата остра и прониклива интелигенција внимателно ги обработувала овие слики и ги чувала за подоцнежна употреба – блесоци на ентузијазам и интуитивното распознавање на интелектуалните нијанси што му давале чувство дека е рамо до рамо со големите умови. – Веќе во тој момент дејствувале сили што биле предодредени да влијаат на светот и на генерациите што доаѓаат.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Бев така предодреден да ги барам во животот моите сопатници во егзилот за кои немаше враќање...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ова го пишувам јас. Ова е под моја контрола. Јас го предодредувам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Како да бев предодреден со кодот на мојата баба, во животот да отворам нови врати.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Европејците сега се неизбежно предодредени да бидат космополити, тоа е она што ним им е најмногу заедничко.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)