презива (несв.)
После одиме по куќи и прашуваме: колку машки, колку женски, како се викаат, како се презиваат. Им ги менуваме презимињата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас му сум син на неговиот најстар син, на Јордана и се презивам Ристе Јорданов Јанчев.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Заклучонаја Тимјановна! Не знам како дојде да ме презиваат Тимјановна, а не Абазовска.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Немој, бре, Дуко, му велам, што ќе изгубиш ако не се презиваш Вендија. Нивите, парите, што, му велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)