претпочита несв.

претпочита (несв.)

Ние не се ашкаме по кафеани по плажи и на други места Ние си го вардиме сопствениот еукалиптус и ништо повеќе Но и по табиет не сме дрдорливи и претпочитаме да си молчиме
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Тука тие се заинтересируваа за прашањето за нивната народност, за српските филолошки и историски аргументи за нивната народност, за српскиот патриотизам и за неговото крајно изразување во вид на шовинизам или слепо претпочитање на своето пред туѓото, за причините на српскиот шовинизам, за улогата на Србија во сегашно и во идно време во македонското прашање и за многу други важни и интересни прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние сакавме да покажеме оти и покрај нашето образование и воспитание во разни држави или пропаганди, ние претпочитаме сите да направиме отстапки од своја страна за општомакедонските интереси, за да не бидеме орудие во рацете на пропагандите и на нивните цели: за да не се стремиме кон соединување ни со Бугарија, ни со Србија ни со Грција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како младите луѓе што во работењето претпочитаат скокови наместо постепено, но постојано работење во еден ист правец, и младите народи ги претпочитаат скоковите пред постојаната упорна работа во еден ист правец.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи јас не претпочитам премногу заблуди на едно место.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога така го поставува неопходноста прашањето, тогаш јасно е оти секојпат и од секого ќе биде претпочетено второто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа знаеше дека тој ја следи, веруваше авторот, но претпочиташе да ја задржи слободата да му даде замав на говорот на своето тело.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Затоа организаторската работа, од една страна, е работа за еден човек што го претпочита привременото напрегнување на силите пред постојаниот упорен и мачен труд; од друга страна, таа е и неморална, зашто во неа човек не жртвува во полза на општеството, на народот свој или на човештината, а со народот прави опити за своите фантастични планови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Си ја претпочитаат колективната смрт, како и потребата постојано да се жеволка нешто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Татенцето сигурно не очекуваше ваков одговор, колку отпосле разбравме лудост бил секаков одговор, татенцето не претпочиташе неговите потчинети да имаат свој одговор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Станувам сѐ повеќе таков поединец, кој претпочита да проба, да вкуси, со еден збор човек кој првин ќе ја испита стоката а потоа ќе ја одредува нејзината вредност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или можеме директно кај него дома - тоа е на два чекора. Како претпочитате вие?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Што се тие криви што ние претпочетовме да сме орудие на Бугарите, наместо да сме орудие на Србите? – Бугарите отворија во Македонија трговски агентства!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Цела Европа ќе работи во конзерва, но прашањето останува: не требаше ли да претпочитаме извесна доза на мрзливост, поврзана со доброволното служење, некаков безволен и апатичен етос, наспроти нашата пресилена утопија на оперативноста?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Знаеше дека татко му од специјализациите ги претпочита, првенствено хирургијата или пулмологијата, а потоа и интерната или инфективната медицина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Претпочитам да раскажувам приказни.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ако и ние ја сакаме нашата татковина и самите себеси, тогаш и ние треба да ги претпочитаме нашите месни македонски интереси пред општобугарските, општосрпските, општогрчките.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Не, јас си ги претпочитам нашите, домашните, обичаи од дедо прадедо што си ги славиме, што ни се наше вчера и дамнина, што се наш белег и не прават подруги од другите - со роднини и пријатели, со слатко и водичка, со винце, мезе, печено и варено, седнати околу софрата, со песна народска да славиме, да се веселиме и на вигната, сред село, оро широко да виеме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Или претпочита некој да ѝ пријде и да ја поведе.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како и да е, во ноќта за која зборуваме Ѓошо Савев заспал со прекрасното разбирање за „пепругата - душа“ што претпочита да лета поттикнувајќи ја во размислите претставата за единствениот цвет во природата кој може да си го менува местото и положбата и да се лулее во воздухот без помош на ветерот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе