претскажувач (м.)
И пак месото им останало наежено: руменилото паѓало на чисти и здрави кожи, можеби тоа ги закитувало младите образи и во мразулчави јануарски дни и ноќи, секогаш, на ветар и под виулици, како ни од претскажувачко жолтило што не се ослободувале старците, посебно побогатите, по низа години без допир со надворешно струење на воздух и со навики за севозможни уживања во затворени одаи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа, Јовановото враќање во Потковицата, надалеку го потврди верувањето во маѓосничката и претскажувачка моќ на Руса, но за него, за Јована, се проширија гласови дека во меѓувреме со померил од умот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но да им се вратам на почетоците. По нешто, сеедно дали бев известен или моите сетила беа со претскажувачка сила, знаев дека проживеаја многу ноќи во треска.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Претскажувач и хроничар на изразот „постмодернистички” во областа на архитектурата стана Чарлс Џенкс (Jencks), којшто, почнувајќи од 1975 г., овој поим го популаризира и воведува во употреба.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)