применет прид.

применет (прид.)

Наспроти ваквиот позитивистички пристап кон материјата на работничките права, во оваа студија е применет компаративниот пристап.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во правилното разбирање на овој случај и применетата анализа за нашава методска единица, важно е да знаете, а тоа е толку јасно, дека саканиот што разговара со жената и што потоа легнува со неа не е Григори.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Математиката е наука за формите и за количествата; математичкото расудување е само логика применета врз набљудувањето на формите и на количествата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бидејќи целата вселена ја сфаќаше како применета логика на „светскиот разум“, тој затоа и ѝ даде на оваа логика најголемо значење, ја издигна на степен на највисока наука, го виде во неа здобиеното целокупно знаење.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Сега е студент на Мастер студиите, исто така специјализирани за смерот - Применета политика и дипломатија во Штип.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Романските архиекти, очигледно располагале со инвенција која, применета без двоумење, уште повеќе го разубавува и онака убавиот Букурешт.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Применет на противник, е навредлив; применет на некој со кого се согласуваш, е пофалба“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа, за наук, го држеше јазикот за заби; па и сега рече само: - Сега сум студент на применета уметност.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)