присен (прид.)
Ова отсуство на присност и топлина сигурно не беше потпомогнато од фактот дека „тоа беа тешки времиња и имаа силно и заканувачко влијание на мене како дете.“
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Од врата кога ќе влезев во училницата каде што вежбавме не можев да не ја забележам искрената широка насмевка на лицето на Вера, со која ги освојуваше сите деца, скоро без исклучок, како и со топлиот спокоен глас, со срдечноста, со присноста, со топлината во очите.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тој многу лесно се движел, и во обете насоки, долж континуумите помеѓу стадото и независноста, присноста и индивидуалноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Битието. Тоа мора да се спаси. Душата да се спаси... Присно! Присно!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Да разговараме значи да го продолжиме
ризикот на ирисот осуден на присност
и кога се протега по туѓи страни.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Го почувствував неговото будење во присниот, добродушен поглед, кој видливо оживуваше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Низ соработката што ја имавме, Ниротакис многу брзо покажа присност кон мене како кон жена. Со мене завладеа страста.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)