присети св.

присети (св.)

Но никогаш не можеше да се присети на повеќе од неколку строфи од која било песничка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одвреме-навреме по некој од познаниците ќе се присетеше да му го посети вечното почивалиште. И сите се морничавеа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Велеа „Што ќе направи црна овца во фамилијата ?“- се присетуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мече дури тогаш се присети дека меѓу ископаните купишта земја крај каналот и на реката, виѓаваше многу корења испреплеткани во чуден сплет.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Исход е на три големи настани: на рекапитализацијата на внатрешниот дел од градот и на последователната гентрификација на градските маала; на епидемијата на ХИВ/сида и на изумувањето на интернетот. ‌За да се согледа природата на промената и на нејзините решавачки, далекосежни ефекти, треба да се присетиме на околностите во кои се појавила геј-културата во годините што непосредно им претходеа на тие три големи настани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Одеднаш се присети на нишалката што ја доби брат ѝ и за родениот ден и појде кај мајка си.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Се присети како во дрвеното куферче си ги собра дреите и киниса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мудурот се поослободи и нешто се присети та пак плусна со рацете.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа настанува кратка пауза, во текот на која Сухов се прави како да се присеќава на нешто, и потоа почнува да вергла.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И, ако со виното вдовица вашата силна жед ја загасила медно, а ако ви бацило рака со насмевка милна сираче нејако, бедно, ил ако во гозби сте имале почесно место — кое е гордост, би рекол - и ако здравицата вам ви се здравила често: здравје ви посакал секој — па, да се присетиме ние за тоа и нека да се покажеме смели!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Уште од сред куќи кога се јави, се присети оти таа треба да биде, но кога дедот Ристе рече оти „си загубиле некое шилеже" начисто беше оти таа е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпосле се замисли длабоко и си рече во својот учен ум: – Овдека треба и марифети, не само сила – па како да се присети нешто по долго мислење и кроење, си рече: – Јас треба точно да ги научам сите водачи на овој бунт и од нив да разберам со каква сила располагаат и кои им се слабите страни, а за таа работа ми треба човек, што ќе отиде кај нив и ќе разбере што треба – и плусна со рацете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се присети кога сокриена во плевната го гушкаше јаренцето бришејќи ги своите и неговите солзи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Еден сон што го сонував. Сонував дека сѐ ќе заврши, и еден глас што вели дека сѐ е готово; не некаков глас на кој би можел да се присетам, туку онака, глас, и ми вели како тука на земјата сѐ ќе застане.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Често по подолго време не можев да се одделам од неа, и се присеќавав какви беа во стварноста нејзините црти и сѐ во врска со неа...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А кога Никола Влашки ја крена дланката од моето чело спомнувајќи не знам каква болест и присеќавајќи се на не знам какви треви и пелини, некаква милолика женичка ми подаде чаначе со надробен леб во млеко и лажица од жолто дрво и нешто кажа - гладен е, или млекото лекува, или - живите боледуваат, мртвите гнијат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вчера се присетив и на една песна која ја пеев во хор на училиште.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се присетуваше за скапи и мили нешта и тоа го разнежнуваше и го возбудуваше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во текот на целото тоа попладне присетувањето на неа силно го вознемируваше, но секој следен пат истовремено помислуваше дека тој не е момчак со среќа да има таква девојка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш сестрата се присети дека тоа движење го беше видела во ходникот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Повеќе