пробен прид.

пробен (прид.)

Американската телевизија налик на голема училница во која се одржува пробна настава.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Испи уште една голема голтка џин, го зеде белиот коњ и направи еден пробен потег.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некои машини веќе пробно се пуштени.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Депонијата веќе е ставена во пробна работа и некои стручњаци велат дека пробниот е успешен, а некои - дека не е успешен.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Всушност, јас мислам депонијата Дрисла, да речам попрецизно санитарната депонија Дрисла, онаа што е уште во пробна работа - нели? - не можела за толку кусо време да го уништи животинскиот и растителниот свет во реката, да речам рипчиња, ракчиња или што било во реката“, коментираше Ивана, цапајќи низ плитката вода.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Инаку, тука за прв пат, експлицитно се воведе и обврска на работодавците за заштита на личните податоци на работникот (чл. 44, ЗРО/05); 14 г) договор за вработување со пробна работа (чл. 60, ЗРО/05) – при што, времетраењето на пробната работа не може да биде подолго од шест месеци, а работникот има право да се откаже од овој договор, при што е должен да остави прилично краток отказен рок од само три работни дена; д) веќе споменатиот договор за волонтерски стаж (чл. 61, ЗРО/05);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Самиот Еди Краста сака да ти направам некои пробни снимки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Забрането е копирање, умножување и објавување на делови или на целото издание во печатени и електронски медиуми или за друг вид јавна употреба или изведба без согласност на издавачите и на авторите. ИНСТИТУТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК „КРСТЕ МИСИРКОВ“ – СКОПЈЕ ДРУШТВО ЗА ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ „КУЛТУРА“ АД – СКОПЈЕ ПРАВОПИС НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК (ВТОРО ИЗДАНИЕ) ПРЕДГОВОР кон второто издание Второто издание на Правописот на македонскиот јазик излегува една година подоцна од исцрпувањето на неговото прво издание, со оглед на малиот тираж, што ни дава право да го сметаме за пробно издание.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Тогаш, сосема случајно еден холандски пријател му испратил пробен каталог фонтови во кој го имало целиот Nobel.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
9 Така, додека јас одев на пробната работа, Стомачето се врткаше во некои сомнителни кругови.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)