пробив (м.)
Денес многу човечки ми се чинат оние негови храбрења и довикувања по мачниот пробив од октомвриската заседа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ќе се фрлиш за прв пат
главечки, ќе пливаш само за себе
butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш
оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш
по пробивот на сонцето, ако го има
по работата на срцето
по подноктиците
перките и алгите
по трагите од морските пци
ќе ја унапредуваш техниката
отскок на површината
во последен миг
неверна кон сѐ
кон животот посебно:
ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел
во ждрелата на оние кои во тебе гледаат
неидентифициран плод, увод во гревот
зашто другите, одбраните, некаде далеку
ѕемнат во истите ноќи, подоткриени
јазикот го вадат од мрзеливи легални усни
и скришум ги бришат своите
благоглаголливи:
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Едно време се кажа ״ јуриш“ и откако се изврши првиот пробив, артилеријата два дена и две ноќи само бувта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Замириса големата тајна на општото прашање - зошто уметниците пијат, полигамичат и се стимулираат, криејќи го самите од себе сознанието за преданост кон садистичкиот мазохизам кој отсекогаш ветувал побрз пробив во општеството.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Фигурата на таткото, ерудит и добар познавач на балканската историја, придонесува за пробив на романескното, на имагинарното на фикцијата низ уверливото раскажување и посебно кога целосно ќе се наложи козарот Чанга, чија сирова добра смисла и приврзаност за селскиот живот ќе придонесат тој да се здобие со амблематски ореол.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Врвот Кајмакчалан, на оној твој омилен врв каде што твојот прадедо го изврши пробивот на Солунскиот фронт.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, не многу после тоа од својот прозорец Змејко можеше да гледа како неа ја истуркуваат, разматувајќи ја, едни црвеникави, осојничави ветрови, што избодинуваа како незадржлива пепелничава коњица од северното небо, внесувајќи некој токму таков пепелаво-модрикав немир, во оние бездони пробиви, што ги оставаа по себе во исковитланата и наеднаш сосема поинаква, плаховита смиреност на облаците.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Градот својата апотеоза, но и самракот ќе ги достигне кон крајот на XVII век за време на Турско-австриската војна, кога австрискиот генерал Силвио Пиколомини, со италијанско потекло, по офанзивниот пробив на 25 октомври 1689 година, ќе го спали освоеното Скопје, поради наводното владеење на чума.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Половина метар во каменото тело веќе е направен пробив.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Некој ќе победи. Тоа е Арсо. Арсо ја урива карпата. Во каменото тело ќе направи пробив кон универзалната слобода.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Зараазен од чума, Пиколомини умира во ноември 1689. Во внатрешноста на Македонија пробив извршил австрискиот херцогот Холштајн кој од кумановското с. Оризари се упатил кон Штип.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во текот на пробивот и натамошното движење на фалангата, на бојното поле не смее да остане ниту еден ранет.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Татко тогаш ќе биде вратен од Цариград, во времето на падот на Отоманското Османското Царство и создавањето на нова Турција, во која со реформите на новиот творец на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк, ќе биде означен значаен пробив на западните идеи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Да, го извршил пробивот, но за жал на тој врв ги оставил и своите коски - одврати Милорад Радиќ.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)