пропадне (св.)
Тешко е да не се препуштиш на целиов провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања, да држи говори, да се слика пред медиуми, а да не ти пропаднат сите шанси за нормален живот, зашто конците на твоето кутро суштество се во нивните раце и тие ти ја даваат единствената навигација по која ти треба да живееш, ти ја даваат единствената смисла на живот по која треба да трагаш.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Очите ѝ беа пропаднати во длапките под веѓите и беше многу видливо дека сосила ѝ ги затворале.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
на дуњава има многу дупки: дупки во времето дупки на патиштата (кон посветла иднина) дупки во умот и помнењето дупки во историјата дупки на кофите дупки во самите дупки во дупнатите дупки секој глас мигум исчезнува нема довикување, нема ехо нема навивање за нашите нема паради на гордоста нема врескање во маалата нема лелекања во градските населби ги нема ни паролите на пролетерите од сите земји дупнатите дупки се царство на глувотијата, мавзолеј во изградба на глувата глувотија во глувите дупки оглувуват деца пред да вкусат кисела зелка а старците веќе одамна оглувнати го трпат неизбежниот пораз што пред да пропаднат во глувите дупки им го претставуваа како живот некои старци сакаат да им пукне бојлерот додека се тушираат арно ама во глувите дупки и бојлерите експлодираат глуво и на тој начин го даваат својот придонес во размножувањето на општата глувотија во која старците загинуваат од глуви експлозии.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Напати ќе ми се појави некое светло, ќе се извре некаде далеку од земјата и одново ќе пропадне в земја.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ливадата на ова сосем голо теме од моето присуство облик ќе си земе достатен за сите чудесни каприци што висат со набој на две овчји цицки во оваа прва архетипска штама прецизно се слушам како блеам сама се одбивам и пуштам во чисто звучни пруги моето ткиво да пропадне во флуид ливадата ин виво бесконечно ја рудам ме нема, ме нема не знам како пеам и зошто се трудам Знам, моја силуета но друга овца шета со оваа шепа.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
Си мислам ќе ми пропадне прстот во главата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се престоруваш земја и камен. И длабоко со тебе ќе пропаднат нашите грстови вода за да остане пусто ова распаќе без корени и без деца!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Кога авангардните движења пропаднаа, општествено конструктивните погледи во уметноста паднаа во немилост, што го предизвика општествениот ескапизам на ортодоксниот модернизам и доведе до криза на темелните вредности во периодот на постмодернизмот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Десетарот ја фати за рака, наведна глава напред, вчекори во наметот и до гуша пропадна во снегот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се наложи некој да му помага на Брлета за да не пропадне целата негова зимошна мака.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Покривите од неколку земјанки веќе беа пропаднати и сега луѓето се плашеа за куќите, па со качување или со предегање го чистеа снегот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Бре овде ќе се удави гемијата, бре онде ќе пропадне, една цела недела што ја тера гемијата и едно утро приближила гемијата до една ада, та кога се удрила од камењето, парче по парче се направила; сите што беа во гемијата се удавиле, само Силјанче беше се нашол на една штица задржан и беше го исфрлило далгата на суво.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Небаре во некоја голема кртечина да пропадна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Целиот јужно американски континент сѐ уште живее во времето на жртвувањето на царствата кои пропаднале со доаѓањето на Шпанците и Португалците и кои никогаш нема да престанат со своето пропаѓање.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој знаеше дека половина од членовите на неговата партија беа против одлуката да се влезе во широка коалиција и бараа од него да ја остави власта да пропадне сама.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во таа фуснота беше цитирана завршната реченица од некој расказ на Кафка, која според тврдењето на авторот дословно гласела: Заради сето тоа ние ќе пропаднеме!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но, жените си се жени, имаат слаба точка и пред таа слаба точка не ги затвораат устите, па нека пропадне и светот ако треба.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Ако кажеме дека одреден систем е во криза, според Морен, би требало да се ставиме во улога на чекачи затоа што системот делува во две насоки: да пропадне како систем или да изроди метасистем кој ќе успее да се справи со сите проблеми.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во главата му шумеа зборовите на командантот, а во душата го болеше: сета надеж, сета онаа одушевеност, со која што утринава дојде овде, пропадна и како да се потопи во матните води на блатото.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Сме пропаднале до појас во 'ржите, росата ни ги студенка колената.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)