пропише (св.)
Впрочем некој ако држи в рака покана, тогаш тој се здобил со правата што во неа се пропишани.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ако погледам уште малку ќе ги видам и првите фиданки На таканаречената ботаничка глобализација Која најстрого пропишува краставиците да бидат прави И да не бидат подебели од осум сантиметри Ако сакаат да бидат пропуштени до трпезите на Европската унија Истата мака си ја имаат и доматите, празот и компирите На кои уште незасеани им се дава до знаење Дека во Европската унија сакаат само прави и мазни И кој им е виновен на кривите краставици
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Оваа промена го навестува големиот број на порестриктивни одредби во начинот на доделување на средствата за вработување на инвалидно лице на неопределено време. 107 Имено, се пропишува дека основен критериум за утврдување на висината на доделените неповратни средства ќе биде бројот на вработени инвалидни лица.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Покрај тоа, пропишано е дека просечната месечна нето плата по работник која ја исплатува работодавецот не може да 183 биде пониска од 65% од просечната месечна нето плата по работник на одделот на кој му припаѓа работодавецот регистриран согласно со Националната класификација на дејностите, објавена во тековниот месец (чл. 5, ЗИДЗИПРМ/01).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ако ЗПИО од 1993 година пропишуваше дека овие надоместоци не можат да бидат пониски од 60% од просечната плата остварена во Републиката во претходното тримесечје, од 1997 година тие не можат да бидат пониски од 40% од просечната плата (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
„Во Одлуката за вонредни мерки на Градското собрание се пропишани три степени за заштита: прв степен - предупредување и давање препораки; втор степен: ограничување на видови горива и на дел од сообраќајот; трет степен на вонредни мерки се темели врз забрана на користење горива, затворање на одредени индустриски погони, топлани, забрана на сообраќај.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Петто, наместо исплата на 50 просечни плати за набавка на опрема, се пропишува исплата на средства до 200 просечни плати при што барателот мора да учествува со 20% од средствата, а износот на доделените средства може да биде најмногу до висината на имотот и трајниот капитал на барателот, кој мора да достави хипотека и 2:1 или гаранција за остварените средства.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тој што ги пропишува божјите заповеди
ќе ги состави и човечките
забраните се услов без којшто не се може
во Сенатот, Олтарот и Креветот
во Науката и Уметноста
без оглед на егзактноста
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Овозможено беше работниците да покренат иницијатива за престанок на работодавачот ако тој не им исплатил плата и не им уплатил придонеси од плата три месеца последователно, овозможено беше работните спорови да се решаваат по мирен пат и беа воведени законски инструктивни рокови за забрзување на судските постапки по работни спорови, а беше пропишано и максималното траење на судската постапка.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
ЗРО (1993) пропишуваше дека работен однос на определено време може да се склучи, „особено за: (1) сезонски работи – најдолго девет месеци во текот на една календарска година; (2) зголемен обем на работа – најдолго шест месеци во текот на една година; (3) замена на отсутен работник – додека трае отсуството од работа и (4) работа на определен проект – до завршувањето на проектот“ (чл. 23 од ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
На овој начин, со ваквото формулирање се отвора сериозен простор за превработеност во јавниот сектор и за злоупотреба на институциите, преку вработување на кадри чија компетитивност и стручност е спорна, а наместо тоа се отвора можност за вработување на кадри согласно нивната политичка подобност, што е спротивно на овој Закон каде се јасно пропишани начелата на стручност, компетитивност, професионална етика, непристрасност и објективност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во јули 2005 беше пропишано дека новооснованото заштитно друштво е должно во периодот од 90 дена да ги вработи сите работници сметано од денот на првото вработување на работник на неопределено време во друштвото.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Сакам веднаш да додадам дека во случајов не станува збор за одамна познатите и многу успешно опишани девет кругови на Пеколот, туку за чудни барања пропишани од страна на човековиот ум со кои преку пропишан ред и утврдени правила се насочува однесувањето на поединецот во организираната држава и се одредуваат казни за непридржувањето кон овие правила.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во тој случај, пропишано е дека вкупниот износ не може да биде повисок од правото утврдено при првата исплата (чл. 9, ЗИПРМ/94).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тревките ги почитуваат пропишаните сезони, Реките не ги менуваат коритата на својата страст, А виното и понатаму лудува под жедните чардаклии.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
6. Формалните договори можат да бидат раскинати со неформална спогодба, освен ако за определениот случај со закон е предвидено нешто друго или ако целта поради која е пропишана формата за склучување на договорот бара раскинувањето на договорот да биде извршено во истата форма (чл. 60, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работата почна приближно вака: револуционерните занаетчии на доцната ренесанса веќе не сакале да му дозволат на бискупот да пропишува „чесни цени“ за нивните производи.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Но, од друга страна, несомнено е и тоа дека работниците, на своја кожа, чувствуваат дека законот недоволно ги штити и дека газдите ги третираат онака како што сакаат, а не онака како што е пропишано во законот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
За да се обезбеди непристрасноста на инспекторот при спроведувањето на инспекцијата, со ЗИТ (1997) е пропишано дека инспекторот не смее да врши надзор кај работодавецот каде што тој или член на неговото потесно семејство е сопственик или сосопственик, член на управниот одбор, директор или каде што тој или член на неговото потесно семејство имаат материјален или друг интерес, додека, со цел да се обезбеди извршувањето на обврските од негова страна пропишано е дека тој е одговорен ако пропушти да изврши обврски или да преземе мерки, кои по законот бил должен да ги изврши, односно преземе, во постапката на надзорот (чл. 9).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Беше избришан законскиот текст кој предвидуваше дека „помирувачот е должен да биде неутрален и непристрасен во текот на преговорите“ како непотребен!? (чл. 19 од ЗИДЗМРРС/14); б) во случај на штрајк или спор во дејностите од општ интерес и во кои прекинот на работата би можел да го загрози животот или здравјето на луѓето или да нанесе штета од поголеми размери, се утврди построга формулација која пропиша дека „страните во спорот се должни веднаш да пристапат кон мирно решавање на колективниот спор“, а предлогот за помирување треба да биде поднесен наредниот ден од денот на настанувањето на спорот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)