протестира св. и несв.

протестира (св. и несв.)

Алуминиумското ѓезве, што вриеше контролирано, сега почна да пувка и да ика како да протестираше против некоја неправда.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Немаат право тие да протестираат против централното наречје и затоа што тоа е централно, како и затоа што изборот се прави од практични причини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Има ли таа право да протестира против бугаризирањето на Тетовско и да бара заштита на своите интереси таму против бугарските посегнувања?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Гласот му беше плашлив и кога протестираше, тоа го правеше придушено како да потиснуваше нешто во себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Попримерено е да се протестира против уметничките експерименти во едно време во коешто германскиот уметнички живот речиси исклучиво е одреден со манијата на експериментирање со елементи коишто расно и народски се туѓи и со тоа го оптоваруваат и компромитираат германскиот уметнички углед пред целиот свет.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во Македонија не се протестираше, веројатно затоа што просечните плати беа дури една шестина од европската плата поради која Европејците глобално се бунтуваа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Од белите неоантички палати до дрвените викторијански куќички, од мермерните споменици до непрегледните војнички гробишта, од станарите сместени помеѓу империјални столбови до оние што пред тие столбови секојдневно протестираат - насекаде до тебе допира визијата на основачите на американскиот сон, нивните остварени замисли и оние што допрва треба да се остварат.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Светот настанал од влажен збор. (настанокот на светот според Догоните) во мигот на зачнувањето влажен е и воздухот и вагиналните ѕидови, температурата триесет и седум степени, умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд. никогаш не си земал часови пливање, но грбно ти оди добро. со секое проѕевање во матката по малку и голташ - протеини, јаглени хидрати, електролити и уреа. спокојно се нишкаш на тој воден кревет. како човечка рипка дремеш во мракот. потоа шок - со плач протестираш кога меурот ќе прсне и мокриот остров ќе се претвори во непрегледно копно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Протестираа поповите и Димитрија, молеа да им ги врати, луто каејќи се што му ги дадоа в раце, но тој им се закани дека сите ќе ги затвори и исколе, та се вратија, ветувајќи му дека ќе се покорат на неговата власт штом не ги признава старите фермани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се завртува остро и Данче, која иако се преправа дека не ја интересира за кого е порачката, напнато сѐ слуша, и протестира.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа почна да говори нешто на украински со него; покажуваше кон нас, и јас по нејзиниот лут глас разбрав дека најверојатно таа протестира затоа што чуварот нѐ пуштил на нејзиниот тренинг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но протестирав. Викнав. Чув и самиот убаво кога викнав : Не смеете да ме казнувате на ваков начин!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Турскиот конзул секој ден протестира против исфрлањето на чети, та одвај и јас ја минав границата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, според зборовите на Кирова, времето покажа дека тие не си ја вршат работата: на пример, синдикатите не протестираа против одлуката со која се намалува платата за 15% на неодредено време поради финансиската криза на претпријатието, како ни против онаа нелогична одлука за истовремена набавка на нови возила.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Бре, инает! - божем протестираше Бојан, вадејќи ја со напор пилата. Ја закачи на ѕидот, не помислувајќи веќе да се послужи со неа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Пак некоја каурка грабнале агите? — го пречека Ростовски Мита со прашањето и ги развлече дебелите црвени муцки, бидејќи во тоа време беа зачестиле грабежите на каурки од разни бегови и паши, та Ростовски со владиката интервенираа и протестираа против тие насилија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа ја тргна главата протестирајќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И тоа ми е некакво име! - протестираше отпрво таа. - Турско!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Други протестираат: мислат уште ќе свири трубачот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Е, оваа легенда не ми се допаѓа! Името на градот да се поврзува со свињи и со кочини!“ протестираше Ивана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе