профит м.

профит (м.)

Но, која е цената што треба да се плати за тие да можат да извлекуваат што повисоки профити?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, една од главните причини за појавата на оваа криза е несразмерната распределба на профитот и богатењето на првите луѓе на големите светски компании.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа е она на што цути таканаречената пазарна економија што за суверен господар ни го наметна неговото величество Профитот...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие го распределуваат профитот помеѓу одделни претпријатија итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Наметнување на рекламирањето и брендирањето врз јавниот простор Консумеризмот, индустријата и профитот сѐ повеќе ги преобликуваат јавните простори, согласно барањата на симболичката економија чија цел е да се привлечат купувачи и инвеститори.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
За неолиобералниот пазар дозволено е сѐ што носи профит. Корупцијата, дрогата и за тоа што државата не наплатува данок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Германските петролејски кралеви однапред веќе уживаа во гигантските профити, кои не би заостанувале зад профитите на руските фабриканти на шеќер…
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Кому му е грижа опстанокот на планетата Земја. Профитот треба да преживее.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Криминализацијата на дрогите носи големи профити, колку и апсурдно да звучи, старата добра логика со помош на проста математичка операција наречена статистика ќе ни докаже многу лесно дека пазарот на дроги е регулиран токму од оние центри на моќ кои водат цели кампањи за борба против дрогата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Колку повеќе профит ќе можат да извлечат – толку попримамлив ќе биде дотичниот рај за нив.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И не ти треба диплома за бизнис менаџер за да си направиш план за инвестицијата, плус-минус бројот на свадби во годината, еднакво на профит.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нив ги интересира профитот, оплодувањето на нивниот капитал.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во тие заостанати земји обично профитот е висок, зашто има малку капитали, цената на земјата е релативно мала, надниците се ниски, суровините се евтини.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Беа тоа луѓе од посебен сој, целосно предадени до крајот на животот на универзалната дипломатијата, која ги трансцендираше националните граници и ограничувања, понесени од некаков идеал, кој сѐ помалку станува разбирлив во овие времиња, далеку од секаква материјална компензација или некаков друг профит!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Комунистите, сакајќи општеството да го направат поправедно, идеологијата ја поставија за капетан и кормилар, на местото на Профитот, а пролетаријатот во функција на движечка сила.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Слободниот пазар сѐ повеќе заминува во областа на минатото, монополистичките синдикати и трустовите го поткаструваат со секој ден, а „простото“ подобрување на условите на селското стопанство се сведува на подобрување на положбата на масите, на зголемување на надницата и намалување на профитот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Преведено на човечки јазик тоа значи: развитокот на капитализмот дојде дотаму што производството на стоки, иако тоа како и порано „владее“ и се смета за основа на целото стопанство, фактички веќе е поткопано, па главните профити ѝ извлекуваат „гениите“ на финансиските махинации.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Незадоволен во целост од пресудата, оштетениот Јакшиќ, во април 2010, поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје поради суштествени повреди на одредбите на постапката, нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право – во којашто, меѓу другото, наведе дека: Недозволиво е суд да размислува со логиката на пазарни субјекти кои направиле пропусти во вршењето на нивната дејност и кои, за да заштедат и да остварат што е можно поголем профит, го изложуваат на ризик здравјето и животот на своите работници [кои, патем 200 речено, работат „на црно“].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И стварно, по недела дена седевме со мали Џонсон, а јас глумев дека имам малтене готово сценарио што гарантира вртоглав милионски профит.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Капиталистите го делат светот не поради својата особена пакост, туку затоа што достигнатиот степен на концентрацијата ги принудува да удрат по тој пат заради добивање профит; притоа тие го делат „според капиталот“, „според силата“ – друг начин на поделба не може да постои во системот на стоковното производство и капитализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Повеќе