пустински (прид.)
Заеднички ја делат опасноста во пустинската шир и гостољубивоста на кротките феласи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Го мачеше рапава пустинска жед, лименото грло на матарката беше суво како и планинската пролет.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Од песок, од ветар, од темница и од жед многу ми се спиеше и јас заспав, заборавајќи да му се заблагодарам на пустинското дете што ме возеше на камилата.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Пустинската тишина е и визуелна.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Да бидеме номади со пустински шатори и цигански черги, со насмевка на усните, сјај во очите и милост во срцата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Извадете му ги цревата! Истолчете го во пустински прав!
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
КОТЕ: (од како каснува). Уф, уф, уф!... Зарем биле пустинските! Овие без винце не се јадат.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ова пусто турско не е од денеска, од петстотини години е пустинското, пусто да остане! Толку веќе!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Арсо, кој од почетокот отуѓено ги слушаше зборовите на Глигор, со интерес се загледа во него, во тоа енергично лице со широки вилици, со опнати цврсти мускули, со испечена од пустинското сонце кожа на вратот, во неговата темна кадрава коса, во јаките гради коишто силно и власно се подигнуваа како да се стремеа да го наполнат просторот на ќелијата и да искочат надвор од неа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Дервишите излезени од циркускиот плакат танцуваат во истиот пустински предел, во кој раздразнетата толпа се граба за крвавата слезинка, џигер, бубрези, изгнасени од прав и мравки.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сега знам: тоа тогаш беше пустинска фатаморгана, виѓаваш нешто што го нема!
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
И додека ветрот сѐ посилно фучеше околу нас разбранувајќи го песокот, пустинското дете ме довлечка до клекнатата камила и ме натера да ѝ се качам на грбот.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Доколку му забрани или го успорува влезот на Светиот ветар, во неговиот ум ќе владее темнината: тогаш како на пустинскиот рамен песок, ишаран од ветарот на пустината, во неговиот ум, секогаш ќе се повторуваат истите нешта, врз површинското платно на секојдневието.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Под неговата закрила Глигор итро ги избегнува заседите и преследувањата на пустинската полиција.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Јас сум вдовицата која над челадта свои бдее, па ни коп ме плаши ни болка од кобта, ни пустински ѕвер...та и тој ако ме проголта, жива ќе излезам од него, ке го распарчам одвнатре, децата да си ги спасам...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Потоа, дваесет дена сувите ветришта и врелото дишење на пустинските пространства го сушеа и истенчуваа телото, ја слабеа волјата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
По неколку дена Илко не можеше веќе да ја издржи пустината, почна да го онерасположува пустинското сивило, едноличното и здодевно шуштење на тркалата по песокта, блесокот на сонцето што му дупеше во главата, и почна да го фаќа паника и страв од огромното пространство, од безизлезноста.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Имаше ѕвезда, речиси, пустински спокој во лицето, бездруго наследен од спокојните вечно задоени бедуини во некој неизвесен правец во пустината, со само ними согледлива цел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)