пљачкашки (прид.)
Пред очите наши, затрепкани в уплав, тој беше демон што сечеше тела; на одмазда гласник да казнува секогаш решен насилни, пљачкашки дела.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Тоа биле најстрашни пљачкашки банди, во чијшто праксис првиот закон бил: нема преживеани.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Чекај аго Али, Муто, Суло, чекај да видиме чиа мајка сина доила... мајчето ваше пљачкашко!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јузбашијата ги знаеше многу убаво, тргнувајќи од својот татко — бег во Солун и преку разните негови другари — бегови, спаии, кајмаками, кадии, м"_ртии, авалеџии, беглиџии, идеше до сите заптии и колџии и нивните пљачкашки дела.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)