работливост (ж.)
Имотот, освен дуќаните кои останаа затворени уште од времето кога се отселија мајсторите, благодарение на грижите и работливоста на имотските луѓе, сѐ уште некако се одржуваше, но семејството сосема се разнебитило.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Секогаш далеку од бездушните кафеани и од малодушните девојки. Од одговорноста и работливоста. Од сезнајните и од нивните следбеници, од пократкиот пат и од вистинското решение.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Тешко е да се предвиди што ќе ги насмее овие жени. Но ја ценам нивната работливост.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не можејќи со постоечката работна сила да ги намерат давачките, а не сакајќи ни да си скусат од својата господштина, своите отроци, во чија работливост и преданост безгранично веруваа, за да ги врзат уште повеќе за себе, од Дупка ги преселија на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Потоа го пишувал повторно, и пред да се исуши мастилото, почнувал од него повторно, со секој напор приближувајќи се до целта, а овој напредок го наведувал да продолжи додека идејата по која посегнувал не станела реалност.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)