раванија (ж.)
Татко предложи конечно заемките за шербет-слатките (како баклавата, раванијата, кадаифот и другите), да си останат, сѐ додека луѓето се насладувале од нив.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Од персиско потекло се и голем број називи на разни јадења, зачини, прехранбени артикли и пијалаци: боза, бурек, дарчин, кајгана, мезе, нишесте, ноут, ошаф, пекмез, пелте, пилав, пиран, реванија, речел, таран, чорба, шарлаган, шеќер, шеќерпаре, шира, ширдан, шкембе и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Општиот назив продолжи Камилски за специјалниот вид ориентални теста попарени со шербет е зборот татлија (турски tatli), а познатите заемки за означување разни видови татлии се: баклава (од турски baklava), реванија, раванија (од турски revani), кадаиф (од турски kadaif), шеќерпаре (şeker pare); тулумба (од турски tulumba).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)