разновидност (ж.)
Оваа разновидност, без двоумење, ја препорачува лингвистичката интерпретација, зашто со себе го носи контрастното видување и го свртува вниманието на еден битен аспект - исклучиво пластичен или естетски аспект.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Причината поради која Татко го доведе Камилски во оваа џамија била некогашната библиотека на медресата која била во состав на џамијата, којашто како по бројот на книгите, така и по нивната разновидност се вбројувала меѓу најголемите библиотеки во XV век.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
8. ОД СЕКОЕ ДРВО НЕ БИДУВА СВИРКА - пред оваа разновидност се симиња капа: зар само свирки да трештат во циркус, некое од дрвата ќе треба и за тапан...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Таа отсекогаш ги сакаше цвеќињата и се восхтуваше од нивната разновидност овде, на нивните необични форми и бои, но сега еден вид мијазма надлетуваше над ритчињата од флокси, над купчињата од маргаритки и над куполите од шипови.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Нема дистанца, сложена дипломатска мапа, игра на интелектот, давање предност на разновидноста на суштеството.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ѕвездената астрономија опишува еден универзум на фантастична разновидност: стотици билиони ситни ѕвездени системи во нашата мала галаксија, стотици билиони галаксии во нашиот малечок универзум.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Конечно 1910-1911 г. Берлин станува сцена на којашто експресионизмот во својата разновидност можел да се развива и спроведува пред космополитска публика.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
XLVIII Пред и по секоја работна сесија Татко и Климент Камилски влегуваа и излегуваа од нивните единствени библиотеки на Балканот, според разновидноста и необичноста на собраните книги, со мислата дека и обајцата се впрегнати во историска мисија, а кога ќе бидат познати конечните резултати од нивната работа и ако Бог им помогне тие да бидат објавени, ќе се дознае на Балканот и подалеку дека нивниот труд не бил залуден.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дел од таа цветна разновидност успеа да пренесе и во својот двор кој ја враќаше во времето на нејзиното детство, таму некаде долу на Југ.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На почетокот се бунев, објаснував, ја тргав железната завеса, ги набројував републиките, верите и јазиците, ги откривав адутите, убавините на Дубровник, ја истакнував разновидноста од култури и пејсажи во малата балканска земја, дрдорев за убавината на нашиот брег, чистотата на нашето море, за предноста на нашето самоуправување, нашата релативна демократија, нашиот пасош кој секаде го признаваат, нашата позиција помеѓу Запад и Исток, нашиот софт-комунизам.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Застрашувачка разновидност и необичност на лицата, сите напнати кон некој непоимлив израз.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)