рана (ж.)
Првин ме сместија во болницата на Црвениот крст, но, кога ја видоа раната, ме однесоа во воената болница.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се знаеше дури и дека ова не е одмазда, уште не, туку непознато задоволство, болно задоволство, капки лимон на рана чиј бол е нужен.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Црквите на големите монотеистички религии ги испраќаа своите мисионери, или тие доаѓаа по силата на нивното верување, за да бидат некаква противтежа на војната, да ги спасуваат душите на тие што можеа да ги спасат, а редовите на милосрдните сестри да ги залекуваат раните на настраданите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Кој ќе го плати тоа, која ли нова држава ќе ги залечи раните, кој нов пасош ќе ја надокнади загубата на детето, која државна граница може да ги врати животите, се прашувам...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Полуостровот за сега ѝ е под мирисливото здолниште а заразата од раните не се шири и не достасува како болка до нејзата спокојна свест и до студената совест.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Облакот е голема рана на небото неговата сенка земјата ја притиска мислата на него светот го разјадува.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Но сите тие рани ги излеков благодарејќи на медот и еве ништо немам.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Времето се отвора и на прастар збор го одгатнува Лузна по лузна и рана по рана записот на душата И зошто земјата замириса на мене.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Погледни си ја таа одвратна рана на ногата од која тече гној.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Потоа живите рани го начнале месото и на другите од куќата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Иако и самиот со десетина рани на своето жилаво месо, Парамон се извлекол да се крие од планина на планина и да остава зад себе запалени сараи и заклани туѓинци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И пак стрелал со своите четири пушки стискајќи секакви крпи врз раната и со матно сеќавање на мајчините прикаски за араратски осаменик што со своја крв поел некаква земја што можела да се протега и во Библијата и во Коранот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Раната ти жеже, а ти уште на пожешко ја ставаш...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се наоѓав во една рибарска колиба, некои жени и мажи ми ја мачкаа раната со смрдливи масла, а едно момче на моја возраст, во рацете држеше два остри заба и ми ги покажуваше со смеење.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Милосрдна сестра со рачички мали за раната наша не наоѓа лека. Со милосни очи, со поглед што гали не ни носи таа нам преврска мека.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
А јас не сакам наново рани да раскопувам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Да ми дадат нешто за раните и плускавиците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Една група сакати борци почнува да ми ѕвечи со куршумите и желевцата, извадени од нивните рани.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Смиреност на мислите и покрај болката од раните, распарана кожа од острицата на жилетот по рацете и градите, темно црвена крв разлеана по подовите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)