робува несв.
робување ср.

робува (несв.)

Да ги љубам оние кои не ѝ робуваат на претпазливоста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сѐ треба да знаеш оти со него ќе робуваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Претензиите на Србија и Бугарија, од една страна, ни покажаа оти само конкуренцијата на тие две држави нѐ остава да робуваме уште на неопределен рок; од друга – тие претензии ни ја потврдија и без тоа познатата вистина оти во цела Македонија има само една, а не неколку словенски народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По степенот на развивањето на науката и литературата кај еден народ се мери неговата култура и по нив се делат народите: на културни и некултурни; културните народи владеат, а некултурните робуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И еве сега работам овде како ајван живеејќи во овој град и робувајќи му на пустиот жал кон мајка си”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Им робувам на мисли што ме растргнуваат и влечат на различни страни, ме демнеат и принудуваат да создавам совршенства без мани.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
И кај да одиш, секаде тоа ти е. Ќе робуаш ако сакаш да живеиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нема да и оставиме децата да робуваат. Доста сме биле робови ние со нашите стари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најмногу го мачеше мислата дека децата ќе останат вечно да робуваат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Доста ми е од твоите закани, цел живот ти робувам како робинка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Смешен си момче. - Смеј се и робувај му на стравот за својот живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
До војната луѓето беа зафатени со мислата да направат што поубава, што полична куќа; одеа на печалба, во свет за неа; делеа од устата, робуваа довека за неа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Им робуваш на оние коишто имаат корист од твоето робување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во бистрата вода рибите се занимаваа со човечки игри: големите кленови ги прогонеа кон вировите неопитните рипчиња и ги лапаа, ѝ робуваа на невидената ненаситност, беа речни киклопи со едно око.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ограден од наводни достигнувања, им робува на стекнатите, дотогашни, успеси, позиции, функции, претворајќи се во многу принципиелен човек, одговорен човек – зборуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Туку што ќе правиш, кога ќе те натера маката. За леб и ќе робуваш...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Не, не! Нема да и остава да робуваат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе ги гледа и си мисли: „Еј мои максамчиња, ќе робувате и вие како виа дедовците ваши овде и ќе слушате приказни за татко ви, ако останете по него. Не, не.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој го виде во својата фантазија тој негибнат крај Мариово. My излегоа пред очи богатите села и селани домаќини, кои имаат полни ќесиња пари, булуци овци, сурии говеда, ергелиња коњи и наеднаш си претстави како сето тоа по пет-шест дена ќе биде негово и тој ќе стане најбогат човек не само во прилепската нахија, ами и во целиот битолски санџак, бидејќи целото тоа богатство ќе им го земе на селаните и нив ќе ги подјари да работат за него, да му робуваат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе