светка (несв.)

Свеченоста на морето И кој ќе наминеше тука ги допираше урнатините од црквичката меѓу кои сѐ уште светкаа честички од неговите молитви.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Други конструкциски детали почнаа да му светкаат во мислите и секој детаљ беше откритие и од голема важност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Светкаат ко свртени метални парички и го пропуштаат сонцето кон нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се изви по прашниот пат надолу нејзината колона, песна се огласи по полето и долго низ зелените перки на пченките светкаа белите шамии на бригадирките, а високо на синото небо се оцртуваа лопати и копачи. Малиот водоносец остана сам на празната полјанка пред логорот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И лисјата се весели и светкаат небаре монистра на коњска узда.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас стојам долу со фенерот и гледам како ѝ се откриват глуждовите и листовите од нозете. И светка месото и не ми дава да се мрднам. За малку да го испуштам фенерот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Светкаат блицеви и секој се гушка со секого.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Потоа ќе ја здиплеше изветвената карта на која одвај се распознаваше слободата И на која уште светкаше огнот на вкрстените мечови Врз белата пепел на предците.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На кулата светкаше слаба светлост од едно прозорче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Децата го видоа и тоа дека на рацете има неколку прстени сѐ од сребро и злато, а еден меѓу нив беше најголем, со камен што светка како искри да фрла.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Светкаше во вид на многубројни змиести пламенчиња.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Оди таа, одбира во газењето, а предниците од клашеникот само ѝ се поткреваат и копчињата ѝ светкаат ко очиња од пилиња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама кај нив не светка така огнот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Малото шаховско поприште му откриваше широк пат во животот, го одведе еднаш и во странство, и веќе опипливи му се чинеа мечтаењата за светски турнири и турнеи, за гостувања кај шаховски снобови - бразилијански владетели на плантажи или баснословно богати махараџи, во дворците на кои убави жени, покриени само со проѕирен превез, ги извиваат своите тела во танци при ноќен водоскок, а оние црни очи им горат, им светкаат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во тој луфт, тој циркуски неон и сега не се познава каде е мојот живот, мојата скриена фалинка не сум крив јас виновни се оние кои веруваа полесно ми беше да бидам неограничен во слободата да грешам, одошто да сакам ја имав секоја имајќи ја безличната жена, не груба, не глупа, не грда напросто ефемерна бришаниот простор ме плаши, не празниот ѕвездената прашинка која светка под папокот на мојата скокотлива куртизана, судбината мојот детски инат, залудното препознавање во сѐ што не сум јас зар не сум доволно смртен за да бидам и жив, и со себеси соочен зар јас ќе го напуштам светот не тој мене, мила моја!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ми шепоти: доаѓам од кај морето а Хелен уште чека на брегот шета во залезот и копнее: на секоја самогласка од песната што ја пее светка по една ѕвезда а на нејзината коса еден славеј чека да изгрее месечината. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но не успеваше да ги задржи солзите кои светкаа во неговите сини очи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На градите му светкаше ударничка значка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
лежам јас ко пуштена одозгора, мислам од врвот на небото, белузликаво како немирните лисја на маслинките што ми светкаат од брегот, умот веќе ми е избеган кај детето во Чехословачка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поделкај чини, поделкај, па плукни си во дланките за да не му се лизга рачката од секирата. И секирата само свирка и светка и летаат деланки од крај неа. 14
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе