седло ср.

седло (ср.)

Па однеси ме па однеси ме велам ти детство однеси ме ти песно старост вечна и незаборавна ти најголема илузијо без метафора прозору неспретно отворен грубо длабок за сите бои на вечноста Однеси ме низ овој дожд ти врвицо за да ме вратиш блага во овој пристан мал во ова нежно седло на сонот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тогаш садриазамот се подисправи во седлото на коњот и со слободната рака, во другата, во десната, го држеше јатаганот, го извика кај себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Меѓу управувачот и седлото имаше метално седленце во кое совршено се вклопуваше перниче и мојот мал задник.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мајка ми седнала на седлото пред војникот а коњот во кас го пресекол полето и тоа по оние тесни селски патеки по кои и воловските двојанки многу ретко заскитуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека некои од војниците, по заповед на садриазамот, ги ограбуваа куќите и со јатаган ја ловеа живината, тој, садриазамот, и другите високи военодостојници, исцуцулени во седлата на коњите, стоеја на плоштатката пред црквичката и беа силно завлечени и учудени од идиличноста на местото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кој на таков пргав јавач џуап ќе му дава кога узди ќе притегне на седлото седнат?!...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
На коњот сѐ уште стои неодврзано седлото на императорот сосе попрази и сосе узенгии, и голем свиток стои во торбата - испишан со ракопис на Хадријан - sacra populi lingua est.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Ене ти и коњ и седло и узда и узенгии, ми рече Николе Солески и ме одведе в пондила.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веќе падна мракот додека гавазот и Бошко, со мртвото тело преку своето седло, се прибраа во градот, па валијата нареди покојникот да ја преседи ноќта во куќата, иако според муслиманските обичаи тој требаше што поскоро да биде закопан.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Букефал на врв на задни нозе, наспроти огромниот слон на Пор, тоа мало човече скриено во кралско седло на врвот на слонот.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Дрварите, кога доаѓаа од дрва, секогаш имаа по некое полено в седло за кога ќе поминат кадешто ги собиравме дрвата, да можат да фрлат некое.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Не биле сигурни, но јавачот како да дремел во седлото, се нишал олабавен напред и назад оставајќи му на коњот да одбира врвици со бавни нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Китките од шарената узда му паѓаа над очи и мошне го нервираа, но знаеше што носи на себе, та не се осмелуваше да прави што сака Свиленото сеџаде светеше врз седлото, а златните пулејќи на уздата ласкаа на есенското сонце.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Самарот е за магаре, а за ат треба седло шиклосано.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Тогаш запри ги водите“ , бесно пламна брат му и отиде како што дојде, темен, подгрбавен, со големи очила на ковчестото седло на носот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Хорацио долго го гмечи догорчето во пепелникот од претходното седло: - Чудни се жените.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И, прескокам човечки трупови, истрбушени коњи, отфрлени седла.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Висок, тенок, ѕифт црн, со бело чело, со позлатени узди и седло и пресно поткован.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не можел да се задржи на седло. Ја пуштил коњската грива и, кревајќи ја високо десната нога, паднал со рамо на страната на противникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Морам да признам дека не бев убеден дека Голи во седло ќе биде комерцијален филм и дека луѓето ќе го прифатат неговиот опуштен стил.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Повеќе