симфонија ж.

симфонија (ж.)

Менталните слики создадени од прикажувањето на овие трагедии повторно излегле на површина по многу години, сублимирани, прочистени, во симфонија и соната, во миса и опера.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Тој компонирал секаков вид музика, инструментална и вокална, симфонии, опери, итн.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Секое негово дело има своја приказна за раскажување; понекогаш тоа е само запис од настаните на еден ден како во Пасторалната симфонија, но раскажани со гламур на поезија и романса, така што, додека слушаме, привремено ни ја враќа младоста; понекогаш тоа е трагедија која се расплетува, како во Сонатата „Апасионата“ или во Петтата симфонија; или тоа ќе биде Увертирата „Кориолан“, таа зовриена, бурна ферментација на емоции и страст, најразновидна, најконтрадикторна, најразлична што може да се замисли.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Поради тоа е јасно дека под дејство на дрога ниту уметникот како креатор, ниту реципиентот како сведок на креацијата нема да можат на целосен начин да ја сфатат убавината на архитектонското дело или музичката симфонија како збирен израз на поединечни запазувања, хармониски созвучја, акорди, златен пресек и.т.н.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Веќе дваесет и две години, секоја вечер тој сака да ме однесе... точно на полноќ... но и јас знам да се бранам... со дванаест чисти симфонии на цимбали, два катаракти за славеи... едно цело крдо фоки кои се горат на тивок оган... ете ти работа за ерген...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Па потем, незаборавната симфонија од бои на Светата Капела во Париз, со најголем број витражи во светот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Можеби затоа што книгите се природно населени низ целата куќа и нивното присуство, во стариот кујнски шкаф, на пример, каде што во расеаноста на предвоениот мебел се потпираат еден со друг двата „народни готвачи“, петте тома од илустрираната сликовница за исчезнати цивилизации „Симфонии во каменот“, е сосема обично.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Од брашното што го добивавме со социјалистичките купони, но и од црната берза, Мајка, според рецептите од гастрономскиот дел на Ла Ринашенте, ја дополнуваше својата балканска симфонија во развлекувањето на тестото, во дотогаш за нас невидени форми на макарони, лазањи, равиоли, дополнувајќи ги со сокот од доматите кои ги одгледуваше во градината во која садеше босилек, но и каранфили и трендафили.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Денес никој веќе и не може да знае дали барала смиреност во фантастичната симфонија на Берлиозовиот дух, тој тиок признак на романтизмот или, надразнувајќи ги сите свои сетила, наоѓала толкувања за мистицизмот на Дирер, или, исто толку веројатно, треперела над таинственоста на стиховите на Гете.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Таква симфонија од звуци умееше да состави само јужниот ветер, а Бојан го доживуваше тоа бучење како најубава, најпожелна музика.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Хајдн и Моцарт, пак, го фасцинирале во неговите поблаги расположенија, во играта на ексцентричното, во каприциозните и забавни вообразби за кои тој дал толку убави примери во симфониите и сонатите.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Исто така, добро ја анализираше Деветтата Бетовенова симфонија, составуваше правни документи, наизуст го знаеше бројот на законот за кој се зборуваше...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Одекнаа во библиотеката звуците на финалето од симфонијата на Бетовен, која авторот ја сметаше како свој музички тестамент за вечен мир, позната како Ода на радоста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе мавтам грациозно со опашот, елегантно, како лебедова симфонија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
При своето последно патување во Париз, купувајќи порачани и други книги за јаничарството за Татко, нему во еден музички магазин вниманието му го привлече една грамофонска плоча со композициите на Турскиот марш од Моцарт, финалето на славната IX симфонија на Бетовен, Воената симфонија број 10 од Хајден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Опусот 1 на Бетовен е посветен на принцот, како и големата Патетична соната, и Втората симфонија, исто така опусот 179, составен од девет варијации, и големата Соната во Ас-дур.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Кај Хајдн, менуетот бил весел и жив, музички стил добро приспособен на неговиот посебен темперамент и карактер.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Меѓутоа, понекогаш оди многу подалеку отколку едноставно да си игра мајтап.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Овој дух на времето јасно е одразен во неговите композиции, особено во симфониите и сонатите.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Немав теоретски можности да стигнам на закопот на мојот сакан брат, за кој велеше дека има душа-добрина, симфонија. Стигнав ден потоа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе