скаменување (ср.)
Ти, единствена што го дослушуваш мојов шепот, ти што пред малку не избави од скаменувањето, не одземај ми го од раце суштеството што ја зароби мојата прва љубов, распарај ги смрачниниве и лилјаците и дигни ги видиците пред нашиов далечен пат!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Слични во нишањето на дервиши, ги сведувале зборовите на молитвата на збивање, на ритмичко повторување - Иии-еее, - и никој од нив не мислел што било тогаш и што ќе се случи потоа, станувале сѐ повеќе едно сега и едно скаменување со затворено и неподвижно време во себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не постои разлика и во гледањето на Хлебников, кој застапувајќи се за еден позначаен неологистички говор, всушност се противставува на скаменувањето и успаноста на нормалниот говор, што зависи од креативната моќ на поетот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Во таквите пресврти Змејко за малку што не врескаше од својот прозорец, знаејќи за она кремено скаменување на снегот, што можеше да го донесе тој северен ветер.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)