слизне св.

слизне (св.)

На крајчињата од очите на Пелагија се појавија зрнца солзи што брзо се слизнаа по образите како низи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Водата блуткаво како пијавица се слизна во грлото и чувство на гаснење му ја наежи снагата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И се слизна покрај мене, како куќа да ми се растовари од над главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, ете, врз него се слизнала и одронила.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ѝ се слизна од испотените раце и го пушти да падне на земја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во мигот кога посегнав по спружените алишта и не сакајќи се слизнав на тазе подмрзнатиот балкон, кој за несреќа беше на 13-тиот кат од зградата, каде живеев заедно со моето момче, ми прелетаа низ глава сите овие реминисценции, на кои во друг случај не би се сетила сигурно.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Другите две можеле и да останат свиткани под твојата дебела кожинка и тука задржани, без да бидат во состојба ни да те раскрвават, едното од нив можело и да се слизне по твојата четина и воопшто да не те повреди, но ова, што те тера да крвавиш вака, не ќе е на некое многу згодно место, тоа може уште оддалеку да се види, му зборуваше на својот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ѝ помогнав да се качи на чунот. Сетне го поттурнав и тој се слизна по водата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Амам: промена на смислата Не кога ќе влезеш и кога ќе те заплисне врел и непроѕирен воздух не кога ќе те поклопат капките разлеани по ѕидовите реата, мермерот, мрморењето не кога ќе те обземе вртоглавица зашеметеност од празнината на амамот, полна пот, плот и пареа не кога ќе те погоди како отсјај во сон светлината подадена низ розетата дозирано, од високо не додека студеното сонце-иње од карши ги облагородува дрвјата, релјефите, порталите, фасадите на сараите туку кога ќе потонеш гола во гротлото ко крвава рожба во исцедокот од водолијата тукушто прсната, за да може да се слизне низ пенџерето на животот (на)право во царството на немилосрдноста кога збунетото тело ќе помисли дека секое друго место е подобро ама ќе остане и понатаму - таму без да се помести кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување од секојдневието, од агонијата на распадот (целото е мислена именка, далечно минато) кога ќе се престориш течен заборав божји благослов и ќе му се предадеш на телото мислејќи си ѝ се предал на психата егзотичното прелевање на смислата сѐ додека не се претвориш во прелив како таков кога ќе се испреплетат значењата едни со други и ќе се испретурат во кошницата на светогледот а ти ќе тргнеш во потрага по почетокот кога ќе сфатиш - Бизант е капија во темните агли на памтењето цела епоха е втисната како анатолиска крпенка во обичните зборови од твојот мајчин јазик во интимата на јазикот и се спровира низ капијата кон одаите и спалните дома кајшто по извесно време по извесна стварност потеклото се заташкува сродството се изобличува јазикот има свои потреби како и телото сфаќаш и тонеш во без-сознание зад јазикот, отаде нека почека ако те чека ... Истанбул, декември 2003
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ако му текне и на вој другиот да се жени, таман ќе а услагодиме!“ — си повторуваше Митра со страв на душата да не ѝ си слизне и снаа третана од имотот за која беше сигурна оти ќе ѝ остане.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Видов дека фустанот, онака лесен, беше се слизнал од коленото надолу.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Слизнаа дебелите фар мерки, застанав боса на плочките, вшмукувајќи ја студенината.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Еднаш кога Мил остана цела ноќ во лабораторијата и не дојде на спиење, Богуле го заобиколи коритото со вода што му го стави мајка му, и низ прозорецот кој беше заборавен да се затвори со рајберот однадвор, започна да се спушта по јаболкницата, но се слизна на влажните гранки и падна.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се слизнав и легнав на плочата. Бумбар.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бегајќи и гровтајќи, во бездна се слизнал...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Дојдоа до брегот, а до таму се протегаше десниот ѕид, ја најдоа патеката со пресно втиснати стапалки во снегот и внимавајќи да не се слизнат во развревената вода, стигнаа до вратниче од бели и нови штици. Тропнаа на неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Му се стори како да си ги чу сите свои три зрна како се слизнаа од кожата на нерезот и како иссвиреа во воздухот, рикошетирајќи, чиниш погодиле во гол камен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Отпаднаа всушност сите ѕидови сѐ што беше вертикално, се слизнаа надолу во некоја бездна, и , кога погледнав преку еден од паднатите ѕидови, видов како куќата ми виси во еден празен простор под неа, еден бескрајно празен простор под неа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таму, некаде на челото, на острата удолница некој се сопна, се слизна, падна, испушти носилка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го научи дури да му подрече дека Стојан се слизнал вчера на корупка од тиква и лошо паднал, а самиот излезе уште рано, гледајќи да не се сретне со дедо Ивана.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе