сликарски (прид.)
Цртежите му ги виде еден од сликарите што навраќаше во слаткарницата, се воодушеви и му рече на татко му да го даде Столпника да учи сликарско училиште.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ворхол во филмската традиција Ворхоловиот однос кон филмската традиција е поинаков од оној кон сликарската, па затоа е потешко да се постави во историјата на филмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Изгледа дека панорамата на сликарската плоштатка не се менува, освен можеби сликарските платна.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Прво ликовните експерти, со своите вперени погледи како телескопи и со долгите нокти на малите прсти остри како пинцети, почнаа да копкаат по слоевите бои и да пронаоѓаат по нешто на неговите платна: те однос на светлина и темнина ваква, те однос на бои ваков, а не таков, те потег од оној сликар, те композиција од овој, нанос не од четка туку од шпахла, па дури и елементи што не спаѓаат во сликарски бои ами во столарски отпадоци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во сликарската колонија во „Монмартр“ има многу југословенски сликари кои живеат од продажба на свои слики на странци а најмногу на Американци и на Англичани.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
До големата одаја се наоѓаше ателјето или работната просторија, пространа, светла, онакво какво што треба да биде едно сликарско ателје.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Неколкуте мига што ги минав со младиот македонски сликар Лемо Димитровски поодблизу ме запозна со животот на сликарската колонија на малата плоштатка на „Монмартр“, која во моментот беше трансформирана во големо сликарско ателје под отворено небо.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во таа шарба од зелени нијанси се оцртуваше само една женска прилика во бел фустан и се чинеше како сето тоа да е едно големо сликарско платно.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Додека бев во уметничкото училиште, бев токму обвинуван за премногу литерарност во моите сликарски дела.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
На синилото лежат белите пластови, како на сино сликарско платно.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И не сета можна публика, особено не онаа стручната, составена главно од историчари на уметноста, од ликовни критичари, од сликарски истомисленици и од постојани љубители на премиерни изложби.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во The thirteen most beatiful women протагонистките едноставно позираат, како кај фотограф или во сликарско ателје, стоејќи свртени со лицето кон вклучената камера.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Благодарејќи му на татко ми кој аматерски се бавеше со сликарство, многу рано дојдов во допир со професионални сликарски материјали.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Да бидам искрен, го насетив парадоксот
и добив желба да направам
- и јас, недостоен раб Божји -
свиден и битен пресврт
што сликарски, што духовен!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тоа е и причината што еден дел од наведените ѕвезди на веласкеезовското девојче ги носат имињата на мајсторите на создавањето на вештачкото, авторите на сликарските фантазии какви што се Бош, па холандскиот сликар Фабрициус, современиот ироничен играч Китај или пак стрип- цртачот на соновидните патеписи на малиот Немо, Виндзор Мек Кеј.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој никогаш не ги вплетка веќе постоечките митови во своите филмови (за разлика од сликарската работа), како што тоа го правеа нему сличните по дух авангардни творци, Џек Смит и Кенет Ангер.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Нивниот суштински проект не беше сликарски проект; Duchamp се обидуваше на традиционалните сликарски средства да им ги придружи оние најмалку очекуваните: користејќи ги, за создавање на своите форми, по ред, оловната жица, калајот, прашината, талкот, колачот од бадем и чоколадото во прав, како што Leonardo потполно сам пронајде нов начин да се излие бронзен коњ, но и експериментирајќи со ѕидното сликарство, почнувајќи од техниките кои веќе немаат никаква врска со фреско-сликарството, туку се потпираат на температа и енкаустиката.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Во училиштето и на факултетот наставниците не беа платени за таква работа затоа, освен учителот по ликовно воспитување што сакаше да ме насочи после осмо одделение да кинисам да го изучувам сликарскиот занает, другите се однесуваа како туѓинци во Казабланка.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сотир Паскали, од еден голем хрватски есеист и франкофон, Матвеј Предраговиќ познат по својата интелектуална храброст во светот, особено кога се работеше за помош и поддршка на затворани писатели од автократските режими кои ја ограничуваа слободата на мислењето, дозна за случајот на хрватскиот сликар Јосип Рацич, кој сонувал да го стигне парискиот импресионизам и да им се придружи на париските импресионисти со својот незадржлив сликарски порив и дарба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Доаѓаше сликарот, ги погледнуваше одвреме навреме сликите од Столпник и сè поупорно настојуваше да го прати татко му во сликарско училиште. Во тоа и успеа. Еден ден татко му се согласи.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)