службеник м.

службеник (м.)

За жал со задоцнување болничките службеници сфатиле дека командантот го обеспокојувале ариите на лирскиот тенор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Сѐ зависи од службениците на вратата. Тие одговараат за таквите прашања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Доколку се предомислите и не можете да си го одземете животот, викнете некој од затворските службеници или озлогласените цимери да ви помогнат и да ви ја држат главата во вода неколку минути и самоубиството ќе биде благовремено извршено.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Службеникот бесно плукна на поканата и му ја залепи на вратата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ме изненади тоа што ме ослови и со името и со презимето, како службеник што ословува клиент на шалтер.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И одам јас во Романија, како висок службеник на Црвениот крст на Југославија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Проклетници е пожелен за службеници и оние што паѓаат на коленици за курви, педери и вештици за изроди и странски платеници
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Но освен малкуте тврдокорни партиски кадри, сите други, вклучувајќи ги тука и вишите и нижите службеници, скришум, да не видат другите, се снабдуваа со козјо млеко и млечни производи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Паѓаат негови слики на службениците, за последен пат ги удира по глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека расправа за себе, ту се расплакува, ту внимателно го слушаше советот на нашиот службеник од претставништвото.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По облеката, лицето, брадата и косата, по накитите на рацете, ќостезите и турбанот на главата се гледаше дека е тој висок службеник во палата на султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Службеникот учтиво му врати дека никогаш не е ни рано, ни доцна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И угледни службеници на новата власт со многубројна челад, а кои со мали плати, тешко врзуваа крај со крај во деновите на сиромаштијата, покажуваа разбирање за козарите и нивните кози, го купува нивното евтино млеко, иако беа будно следени од властите и партијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Навикнат да слуша извештаи за побуни во целата своја огромна царевина, кои секогаш ги задушуваше во крв, султанот го повика својот одговорен службеник за Европејска Турција, Хилмипаша, и кратко му нареди: — За дваесет и четири часа сакам мир во твојот реон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Татко ми беше службеник. Доаѓаше дома во пет.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Во мојот стан избувнал пожар! - им рече татко му на службениците во одборот и истрча надвор...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го гледа дека е убаво облечен, како некој службеник или можеби дури и некој директор, во костум и во раката држи едно картонско куферче што на Едо му изгледа познато.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пресметала точно во седум да влезе в канцеларија. Совесен службеник. Нема што.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Шефот сега сосем задоволен повторно му го препушти пописот на службеникот. – Запиши Слободанка и внимавај повторно да не ги смешаш прашањата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе