смукалка (ж.)
Понекогаш ја замислувам Америка како гигантска смукалка, машина за рециклажа, која вцицува сѐ на што ќе наиде а назад исфрла заводливи вреќи со ѓубре. Trash-от овде е подигнат на ниво на космички принцип: ѓубрето се произведува за да се конзумира, ѓубрето се фрла за да се произведува повторно. Trash-от е насекаде, trash-от е генетската шифра на човечкиот вид кого што Америка најјасно го препознала.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И земјата, заедно со ѕвездите, е дребулија на ставата на вселената, како што е и таа веселана ситно животно со некои свои смукалки закачена за друго, секако најголемо чудовиште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Седејќи патуваат кон недостижност, крај нив минуваат нејасните облици и бои на ноќта и од свое подземје надојден рој комарци под чии смукалки набабруваат тврди пликови.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)