совпаѓа несв.
совпаѓање ср.

совпаѓа (несв.)

Насловот на делото во потполност се совпаѓа со амбивалентното движење и перспективата на спиралните слики.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Османлиските навлегувања на Балканскиот Полуостров се совпаѓаат со внатрешните судири кои ги зафатиле балканските држави.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Јас мислам оти ние треба да бидеме лојални кон Турција, но претполагајќи оти турското правителство и народ ќе разберат најпосле оти интересите на нивната држава во Европа се совпаѓаат со нашите и зависат најмногу од нив, а не си противречат, и затоа Турците први ќе треба да го докажат искреното сакање да се во мир со нас и со тоа да ја заслужат нашата поддршка на нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Интересите на грчката влада наполно се совпаѓале со тие на турската.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Пристигнувањето на првите британски воени мисии на територијата на Македонија се совпаѓа со широкиот развој на НОБ и преминувањето на повисок степен во организацијата на воените единици и создавање на регуларни воени единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Се совпаѓаат и името и презимето на Саво и на Снежана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одговорите на ова прашање што можат да се најдат во постојната литература не се совпаѓаат наполно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Претпазливо му велам: - Видувањата на еден човек не мораат да се совпаѓаат со видувањата на некој друг, па и тогаш кога тој "некој друг " е близок пријател.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А тогаш - можеби тоа не се случуваше, можеби беше само сеќавање кое се совпаѓаше со звукот - еден глас запеја:
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Значи, врз основа на пресметката според датумот на раѓањето на спомнатиот Иван, средбата на Таша со идниот татко на копилето можела да се случи при крајот на ноември или почетокот на декември 43та година, а овој период се совпаѓа и со престојот на нашите борци во куќата под Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Винстоновата работна недела изнесуваше шеесет часови, на Џулија беше дури и подолга, а нивните слободни денови се менуваа во зависност од потребите на работата и често не се совпаѓаа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Домородната уметност многу се совпаѓа со психоделичната уметност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кај Ботеро, социјалната комедија не гаѓа грижи на совеста, неговите ликови се среќни накрај да бидат јавно, официјално, без никаков срам она што тие се во длабочината на душата; тие накрај се совпаѓаат со самите себе и тоа ги прави среќни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Секоја среда и петок, кога им се совпаѓаа часовите, се среќаваа на партија озборување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој е подвижен и се совпаѓа со периодот на Стрелец, а може и со Шкорпија, односно со Дива Коза.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И хомосексуалноста и хетеросексуалноста се артефакти на истиот општествено- сексуален систем, систем што во голема мера се совпаѓа со западниот модернитет, иако е систем што различно еволуирал за жените и за мажите.378
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Постоеше можеби основна противречност: тивкото и тажно пеење на Дарвиш не се совпаѓаше со гласното и оптимистичко верување на Арафат во враќањето и најдените зборови на слободата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дури не можам да се сетам ни каде се наоѓав; (веројатно во некој од походите по планините, помеѓу две борби); а и верзиите што ги слушнав за денот на погребот не се совпаѓаа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Точно, машката геј- култура во некои точки се совпаѓа со лезбејската култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зошто измолче за сѐ, зошто... Тогаш се совпаѓаше и твојот прием во Партијата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе