согласува несв.
согласување ср.

согласува (несв.)

Веќе се согласивме дека не се согласуваме. Идеите не нѐ прават идеални, ниту верувањата верници.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Да не се определуваме однапред, нека покаже анализата! нагласи Татко. Се согласувам. Најпосле можеме да започнеме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со еден збор, во турско време ние потврдувавме и се согласувавме со сѐ што ќе ни речеа Турците и Грците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така ме викаат другите, ама јас не се согласувам со додавката на моето име, оти мислам не сум толку добар и не ќе бидам добар до колку не им угодам на прекрасниве суштества, што сум ги создал, а нема со кого да играат...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тоа е позната стара работа превркнам — препукнам прегач — особена унечка со телови прегос — денот после венчањето кога се пие блага ракија предотина — прежда преѕалувам — претерувам во нешто пресек —ѓутуре (спаилакот се зема ѓутуре без да се бројат снопјето) прид — пари за невестата без кои во Мариово не ја даваат родителите девојката прикрепник — мажот ми (мојот прикрепник) принова — новородено дете припрто — кусо време проведи ме (од кучката) — одбрани ме провирач — камен со дупка преку која се провираат болни и бездетни жени проводија — подарок во пари на невеста и мало дете пролетнина — пролетни посеви промрткам — не се согласувам, си пишманам проскомидија — дел од црквената литургија прочврча (сланината) — се испржи пцалт — црквен пеач пувка — врста печурка, габа која е мека и пувка кога ќе ја стегнеш со прстите пупулче — младо девојче, пупуљак пупурник — кржлаво дете, рахитично пурде — име на машко дете дури да го крстат пуст — ничии, без стопан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да се согласиме првин за десет. Секој да предложи по пет и утре ќе започнеме да ги разгледуваме. Се согласувам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со него ми е супер, право уживање. Постар е од мене три години и ептен добро се согласуваме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не сум сигурен дали ме слушна или изигруваше отсутност но јас му реков дека се согласувам со него и дека можам да си ја замислам силината на љубовта која е во состојба да раздвижува, да покренува па дури да замени и да надополни многу други потреби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Наоружан до заби со пушка, тешки куршуми нанижани преку градите, му удира по дрвената маса, на која се потскокнуваше тресејќи се, а момчињата од четата, повторуваа по него согласувајќи се со секоја негова мисла...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А таа веројатно сакаше да потврди дека се согласува со мене бидејќи ми помина со прстите низ косата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Си дозволив да Ве слушам, бидејќи ме привлече Вашата мисла. Се согласувам со Вас во потполност.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На тиранијата ѝ е потребен твојот очај, поразот на тие што не се согласувуваат со неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Минатото е сѐ она околу што документите и сеќавањето се согласуваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас се согласувам со него. Формално тој има право.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога и да му се пожалам дека ме боли глава, или дека имам несвестица, ќе рече незаинтересирано, ништо не ти е, не си болна, такви ти се годините, и никогаш не се согласува да ме однесе на работа, во клиниката и да ми направи подробни испитувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со цел Витгенштајн да се предизвика во овој случај, доволно е да се постави прашањето: бидејќи се бара на објаснувањето да му дојде крајот, зошто да му се стави крај во мистеријата на тоа како почетникот успева да постапува на начин кој фактички се согласува со практиките на заедницата, попрво одошто тоа да се стори со помош на достапниот и добро познат комплекс од психолошки концепти кои пружаат толку моќна мрежа на дескрипција и предвидување?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„А, ако не заслужам?“, прашуваш зашто до овој момент не те прашал дали ти воопшто сакаш да бидеш заробеник во некој стан во не знам која населба, кој со крв и пот тој и неговата сопруга го заработиле, ама тој, имајќи те тебе на ум, никако не се согласува да го издадат под наем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Меѓу публиката имаше и такви што не се согласуваа со ова мислење, ја бараа причината во смелоста и очајот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Се согласувам, тато, ама ме збунува и оптоварува една мисла: Каде биле сите тие стручни лица кога агресивно настапувал хаосот?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Значајни албански филолози се согласуваат дека Фаик Коница од остатоците на овој древен јазик создаде моќен јазик кој можел да ги изрази сите мисли.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе