спасоносен (прид.)
Годинава се беше случила неродна и феласите ги чуваа овие спасоносни плодови за гладните месеци коишто веќе беа дојдени во овие зафрлени населби.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Имам два различни податока, го пронаоѓате наеднаш спасоносното прашање и го сместувате во широко разбрануваната насмевка во која сте спремни да ги потопите сите грди помисли што ви се појавуваат со неочекуваната средба со познајницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Само ја бараа наредната тревка, нашата идна спасосносна капка млеко.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Наеднаш му светна спасоносна мисла.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Маркс со својата генијална мисла им го покажа спасоносниот пат.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во времињата кога беснееше фашизмот на двата брега на Езерото, останувајќи на некаква позитивна и спасоносна дистанца од режимите, Татко се нафати да ја врши адвокатската дејност. Се спасуваше, го спасуваше семејството бранејќи некој од некого.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имаше нешто што му недостасуваше: дискреција, воздржаност, еден вид спасоносна глупост.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Човек е во еден вид егзил кој е посебно мачен, зашто е лишен од спомените на изгубената татковина или од надежта дека ќе ја открие вистинската татковина, историската татковина, непостојната татковина, татковината на илузиите, на судирите, на делириумите, на заборавените владетели, на драмата на човековото несовршенство и на погрешната потрага по спасоносните излези...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но сепак, неговото исчезнување го најавуваше почетокот на крајот на големото семејство со кое тој го мина спасоносниот Рубикон на егзилот!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Замолкнете со вашите спасоносни будалштини!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Таа мораше да најде излез од лавиринтот на Татковите илузии кој ги замислуваше спасоносните излези, уверен дека постојат и дека се тука, блиску.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се вртеше во постелата возбуден, нервозен; се поткреваше одвреме-навреме и пушташе рака кон столот, ја пофаќаше празната кутија од цигари, ја отвораше, чинејќи му се дека не ја избарал добро, дека ќе најде некоја преостаната; пипкаше со прстите низ нејзината внатрешност како слепец, како болен човек што посега по некој спасоносен лек; ја гмечеше кутијата со сиот бес туткајќи ја во рацете.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не откривајќи излез за својата утописка замисла, уверливи модели во човекот и неговата историја, тој се препушти во времето на фашизмот и сталинизмот, да трага по спасоносниот пат на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се чини како оваа древна старица да дошла ваму, со последни сили пред заповедта на смртта, да им предаде некаква порака, некаков завет ли или спасоносен совет. познат само нејзе, на овие луѓе од нејзина крв.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во овие предели на изгубениот рај на детството, моето семејство најде спасоносен пристан во својата неизвесна балканска одисеја, по победата на подводниот змеј при минувањето на границата во Езерото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Развеаните страници на ракописот беа како знамиња на еден постојан отпор да му се наметне спасоносна алтернатива на балканскиот егзил.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ова имаше брз ефект и малото тело се преврте, си ги најде нозете и почна да претка наоколу, инстинктивно барајќи ја спасоносната дупка, за која мачорот знаеше дека не може да се најде на тревникот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Татко на крајот се сложи со идејата на Климент Камилски, но сега преостануваше да се прецизираат конкретните области на балканските јазици врз кои ќе работат и на кои ќе ги насочат заклучоците во функција на потрагата по изнаоѓање на спасоносни идеи за иднината на нивните чеда и потомците на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зјапав во екранот како да очекувам секој миг од него да изнурка некој оддалечен сигнал, некоја спасоносна порака.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)