средува (несв.)
Луѓе мои, работевме. Растоваравме дрвја, ги носевме од едно на друго место, ги сечевме, ги средувавме, правевме секакви мајстории.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Долго време согоруваше со овој проект и не престануваше да го средува поредокот на книгите според него.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Полека влегов во неговата соба. Брат ми ја средуваше фиоката.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше, ги средуваше и со голем страв ги допираше оние меѓу нив низ кои се насетуваше беспризорно мрачната боја на крајот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Додека гостите и самата Исидора ги пиеја последните капки од шампањското, Томаица и нејзините колешки ја средуваа целата колекција која беше таа вечер прикажана.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
На определените места пионерите пристигнуваа организирано, поминуваа цел ден во игри и одмор, а навечер, пред да се вратат дома, го чистеа местото од отпадоци, го средуваа да биде убаво и привлечно какво што било.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
До доцна во ноќта ја средуваше твојата пушка и ја чистеше со некакви средства, бришеше и светнуваше со специјални крпи.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Младичот често остануваше да средуват заедно по рафтовите, ги местеа ќепенците, а веќе не разговараа само за фудбалските натпревари.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не знам, можеби ми рече или така ми се причини тогаш, додека симнат на подот на коленици ги средував цедињата паднати од наткасната, кога над мене го слушнав нејзиниот глас: „Нино, можеби ти не се познаваш ни самиот себе.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Таа со социјалниот работник ги средуваше документите кои во ваквите случаи беа малку посложени.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Инаку, Анастасија кога не е зафатена со секидневните обврски и кога е вистински осамена најумешно ги средува тантелите на спокојството токму во спалнава.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Со еден збор сѐ се средува.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Саво и Снеже долго време во ноќта ги средуваа своите впечатоци од дружбата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се сети на зборовите на постарата дама на литературната средба „вие мора да сте мајка и ќерка“. Ги средуваше коцките.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Напротив, без збор мораше да ја средува куќата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И реши, на крајот, потпирајќи се врз француски архивски прирачници со позитивистичка ориентација, сиџилите да ги средува според хронолошкиот критериум, почнувајќи од далечната 1600 година па сѐ до 1912.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Обично, додека раскажуваше бавно и рамномерно, без нагласување на одделни зборови за кои можеше да се рече дека се судбински во настанот, ја стискаше запалената цигара со тврди прсти - жарчето му доаѓа до пожолтените нокти на палецот и показалецот; тој се средува за нова реченица, бавна, на исто гласовно ниво со другите зборови, пали од премалиот отпушок следна цигара.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Имаше книги кои не можеа да влезат во рафтовите и тој одново започнуваше да ги средува, небаре веруваше дека книгите ќе ги прифатат неговите молби, ќе се притиснат една до друга оставајќи место за другите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)